Александар Пандов
Гледам дека Спасовски прилично многу се занимава со Македонците, а многу помалку со оние кои имаат задни намери и доаѓаат на ексзурзии од Бугарија со задни намери. Искрено очекував да каже кои се тие агентурни мрежи и нечисти пари со кои се финансираат бугарските клубови, но тој повеќе се занимава со патриотите.
Па да одговорам...
Да не беше повикот на Патриотскиот институт „Гоце Делчев“ и утре МВР ќе чуваше џамбази и други пробисвети кои ќе лаеа дека Македонија била бугарска. Спасовски да си ја гледа работата и да не прави коалиции со неофашистите од Бугарија, тие се проблем за државата, а не патриотите кои нема да дозволат сквернавење на македонското достоинство, херои, историја и идентитет.