Анго Ангов- Градоначалник на Општина Дојран
➡️Денеска имав успешен работен ден.
🚩Остварив средба со претседателот на фудбалскиот клуб ,, Дојранско Езеро’’ Миле Упчев, на која што разговаравме за подобрување на условите за одржување на натпревари и тренирање на екипите.
🚩Исто така, денеска, имавме состанок со директорката на детската градинка ,,Кокиче’’, Љубинка Јанева и разговаравме за следните активности кои што ни следуваат за подобро утро на сите дечиња од Дојран.
🚩Оствариме и работна средба со надворешниот консултант за водење и работа на ЕУ проекти на Општина Дојран.Разговаравме околу започнатите проекти и за можностите да аплицираме на нови проекти се со цел за разубавување и развивање на туризмот во Дојран.
🚩Наша цел е да сме достапни за сите и да продолжиме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на дојранчани и сите наши туристи.✊