Dimitar Kovacevski
Лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, која постои веќе две децении, со буџетски средства доби најмодерен електронски микроскоп, кој е единствен од овој вид на Балканот. Заедно со другата софистицирана опрема, која ја потпомогнавме, се овозможи значително зголемување на научно истражувачкиот потенцијал на оваа лабораторија. Таа е акредитирана од 2014 година и е специјализирана за контрола на параметрите на амбиентниот воздух во реално време, утврдување на изложеност на одделни штетности, како и испитување на составот на најразлични материјали.
Особено сум горд што се работи за една од поголемите инвестиции во науката бидејќи зголемувањето на истражувачкиот капацитет во ова поле ја одразува нашата заложба дека вложувањето во науката и образованието е еден од приоритетите на оваа Влада. Тоа досега и го докажавме, а и продолжуваме во таа насока, преку планираните активности во буџетот за 2023, каде најголем дел од средствата се планирани за поддршка на научно истражувачки проекти.
На овој начин, преку реализацијата на оваа значајна и една од поголемите
инвестиции во науката, даваме посебно значење и на борбата со загадениот воздух, бидејќи загадувањето на воздухот, посебно со честичките-аеросоли, останува еден од најзначајните ризици за здравјето на луѓето.
