Ljupcho Nikolovski @lj_nikolovski
Заедно со Светска банка денеска го промовиравме извештајот „Зелен развој на секторот земјоделство во Република Северна Македонија“.
Stevo Pendarovski @SPendarovski
Денеска одбележуваме 30 години членство во @UN, чин што овозможи меѓународна афирмација на македонската држава во меѓународниот поредок на суверени и независни држави и нејзин придонес во сочувањето на мирот, безбедноста и одржливиот развој во светот. 🇲🇰
Dimitar Kovachevski @DKovachevski
Потенцијалите за раст на земјава се препознаени од меѓународните финансиски институции.Средбата со заменик претседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова, ја засилува нашата определба за стабилен енергетски пазар, подобрување на транспортот и инфраструктурата и зелен развој.
🌲Почитувањето на зелените принципи, е клучно за постигнување на амбициозната цел за климатско неутрална Европа. Токму затоа, во 2023 ставаме фокус на зелената транзиција преку проектите во шумарството.
🌲АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО!🌲📌3 декември (сабота)📍Село Петралица, Ранковце🕑 9:30 часот♻️Зелената транзиција е наш врвен приоритет! #МЗШВ
EGjorgievska @BetiGj
Да ги поддржиме и охрабриме руралните жени и земјоделките. Нивните успешни претприемачки приказни се поттик за останатите жени од руралните средини активно да се вклучат во процесот на производство на храна и да придонесат за одржлив развој на заедницата. @CCM_Skopje
Означен почетокот на работата на гасниот интерконектор Грција – Бугарија. За да обезбедиме одржлив развој, Северна Македонија мора да стане дел од оваа мрежа за природен гас. Подготвени сме да ги направиме сите неопходни чекори во таа насока.
Со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш дискутиравме за важноста од солидарност и соработка за промовирање на мирот, човековите права и одржливиот развој во услови на силни светски турбуленции.
Aleksandar Nikoloski @AlexandarMKD
Средба со @felixschreiner пратеник во Бундестагот од ЦДУ која е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е претседател на Комитетот за економија и одржлив развој на Бундестаг.Разговоравме за сите предизвици со кои се соочува Македонија и проблемите за кои Владата нема решенија.
Сотир @Schiffer_PG14
Одржливиот развој за малкумината е одржлив само за сметка на мнозината.