Stevo Pendarovski
Денеска го потпишав Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од Кривичниот законик, за време на пандемијата од #Ковид19, паричната казна или казната затвор да им се замени со алтернативна мерка условна осуда. Во мојот Кабинет беше Катарина Ѓорѓевиќ која не го криеше задоволството бидејќи е опфатена со Законот за амнестија и нејзиниот син Андреас.
🔗pretsedatel.mk/ukaz_zakon_amnestija/
