Dimitar Kovacevski
Европскиот напредок на државата е врвен приоритет. За мене и за Владата важно е тоа што им е важно на граѓаните. Нови квалитетни работни места, зајакната правна сигурност, спроведување и почитување на законите, ефикасна јавна администрација, транспарентни јавни набавки, континуирана, праведна, непристрасна борба против корупцијата, економски раст, социјална правда, стабилни работни места, европски плати, европско образование...
На стартот сме од преговорите, но имаме добра основа и мотивација за да чекориме континуирано со едно солидно темпо кон завршувањето на овој државнички процес. Скрининг процесот се одвива со предвиденото темпо и мораме да ја задржиме оваа динамика во текот на целиот процес на преговори со ЕУ.
Некои одлуки треба да ги донесеме поради сите граѓани на Северна Македонија, нивната иднина е пред сите политички и идеолошките разлики.
Пратениците се избраници од граѓаните, мора да постои конструктивност и мора да се покаже единство, во име на граѓаните и нивната благосостојба.
