Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski
🗣️ Чест ми беше да се обратам денес на Националниот собир на општински советници во организација на NDI, заедно со Роберт Скот Хејзлет кој е виш резидентен директор на NDI во Македонија и Микаел Атерхог - раководител за развојна соработка од шведската амбасада.
☝️Особено се радувам на ваков собир кој е посветен на прашања за кои, свесно или несвесно, локалните самоуправи сѐ уште не посветуваат доволно внимание!
📜 Градењето на локалните политики кои се однесуваат на обезбедување на родова еднаквост и елиминирање на насилство врз жените во политиката е сериозна одговорност на општината и на општинските совети.
Оставањето на овие значајни прашања, некаде на дното на приоритетите во повеќето општини, продуцира далекусежни негативни последици врз развојот на демократијата и обезбедувањето на најосновните права и слободи за секој граѓанин.
☝️Со цел да биде остварено правото на еднаквоста помеѓу мажите и жените, не само што тоа треба да биде легално препознатливо, туку и да биде ефективно применето во сите сфери од животот: политиката, социјалната заштита, економијата и културата.
Во таа насока ЗЕЛС веќе подолг период наназад самостојно и во партнерство со домашни и меѓународни организации интензивно работи на полето на имплементирање на принципи и заложби во креирањето политики за обезбедување на родова еднаквост на локално ниво.
🏢 Исто така, #ЗЕЛС започна со активности на организирање на обуки за сите членови на општинскиот совет за запознавање со постојната законска регулатива, обврските на општината и на Советот, за начелата на Европската Повелба и обезбедувањето на родово сензитивни податоци и родово буџетирање.
За посветеноста на ЗЕЛС на ова прашање показател и е формирањето на Лоби група за родова еднаквост при ЗЕЛС во претходниот мандат на градоначалниците, но и во сегашниот. Таа е составена од градоначалнички и градоначалници, како и претседатели и претседателки на општински совети, а нејзината главна улога е токму лобирањето, како пред централната власт за создавање на поповолни законски и финансиски можности, така и во рамките на секоја општина, промовирајќи меѓусебна размена и поттикнување на заложби за родова рамноправност.
⏭️ Во следниот период заложбите на ЗЕЛС, како национален координатор, се насочени кон поинтензивна промоција на Европската повелба за рамноправност на мажите и жените во локалните самоуправи, утврдена од Комората на локални и регионални власти.
