Сања Лукаревска
🧺ТОСАМА ТРЕЈД цели 25 години успешно ја менаџираат Стојна и Ана Симоновски. Тие се одличен пример за даночен обврзник со редовна исплата на плати, подмирени даночни обврски и компанија која преку мерката субвенционирање за зголемување на плата од 600 до 6.000 денари, успеале да ги мотивираат вработените да бидат уште поефективни и поефикасни на своите работни места.
Симоновски, велат дека во производството, доработката на производите, стерилизацијата и пакувањето со лиценца на словенечкиот бренд ТОСАМА, вклучени се 14 вработени. Памучните вати кои ги произведуваат се препознаени уште од 1923 година, тие и денеска се дел од секое домаќинство, од болниците, клиниките, важен дел се во негата на мајките и бебињата .
Благодарам за гостопримството, за споделените искуства, за тоа што сте одличен пример и мотив дека умееме, можеме и имаме поволни услови за создавање успешни приказни и компании.
