todor petrov @petrovt718
Конечно се јави и Брнз, амалгамот на македонското црковно прашање од 9 до 16 мај годинава. Го посети Бигорскиот манастир и му ја честита на епископот Партениј одлуката на Цариградскиот патријарх Вартоломеј. Така личи, родителски...
Софија вели: Македонија е бугарска Македонците се Бугари Македонскиот е дијалект на Бугарскиот јазик, во ВСВ нема окупација, впишете ги во Уставот Бугарите како државотворен народ. И "нашиве" велат ај дајте декларација дека повеќе нема да барате. 😂 Па уште ли треба? Се' дадовте!
Велат, Бугарите во Европскиот парламент ќе ни вметнат кукавичје јајце, предложиле резолуција со сите услови за обезличување на нацијата. Хаха, кукавичјите јајца во Македонија ни се во Владата и Собранието, тие сѐ би смениле, договараат да допродадат уште малку од тоа што остана!
ВМРО-ДПМНЕ го вежбаат за измени на Уставот, за влез на Бугарите. Мицкоски барал гаранција. И Иванов доби писмена гаранција од Заев. И? Што рече се' порече. Софиски врховисти и колаборационисти во Уставот на Македонија како бугари е демонтажа на државноста со одложена детонација.
Радев вели: "Воинствениот македонизам може да ја дестабилизира ЕУ!" Добро, дали човеков е со дијагноза? Па, Македонија е под режим на специјална војна од Софија за повампирување на Руската креација Санстефанска Бугарија! Софија демонстрира недобрососедски односи.
Според договорот Димитров-Коѕиас: Кодот на табличките на возилата ќе биде НМ или НМК. Но, за сите други намени, кодот останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација. НЕ ВО НАТО! НАТО не е достоен за промена на името!
Како ги нарекуваме ние жителите на државата Црна Гора? Црни Горци или Црногорци? Придавка од две именки е составена од двата збора заедно. Зошто? Затоа што името на државата е идентитетот на нацијата, а националноста по автоматизам произлегува од името на државата!
Демек, Владата ги брифира Макединците во светот, како странците несоодветно го применувале Договорот Димитров-Коѕиас, не именувале за "Северномакедонци", а јазикот за "северномакедонски". Па, не се менува правопис на странски јазик со билатерален македонско-грчки договор, дибеци!
Со Бугарија сме имале заедничка историја само кога сме биле под окупација на Софија. Имавме заедничка историја и со Словенија, Хрватска Босна и Херцеговина Црна Гора и Србија во СФРЈугославија како Македонци, а не за да станеме Словенци Хрвати Босанци Срби Црногорци или Албанци.
Ковачевски вели да не се враќаме во минатото, да сме останале со достоинство. Со Бугарија ја менувате Македонската историја, газите по достоинство на Македонскиот народ! Дозволивте Албанец да го решава Македонското прашање со Бугарија, што е недопустиво поради судир на интереси.