Oliver Spasovski
Храната за полициските службеници со новата јавна набавка е поквалитетна, а за 30% поевтина, ВМРО е против македонската полиција!
Не е точно дека за првпат во историјата на независна Македонија се дава објект за исхрана на приватна компанија која треба да снабдува некоја единица, зашто објектот кој беше земен под закуп, надвор од касарната Илинден, за да таму биде служена храна на САЕ Тигар, цело време функционираше со оператор кој е од надвор.
За цело време на 12-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ беше склучен договор со кафеана од Скопје.
Не со фирма, туку со кафеана!
Ако сакате може да разговарате со полициските службеници каква исхрана имале претходно, а каква имаат сега, дали се задоволни или не се?!
Првенствено е да има подигање на квалитетот на исхраната и задоволство на полициските службеници!
