Frosina Remenski
Добро утро Македонијо кадеи да си 🇲🇰
По пример на нотите од институциите и изјавите од политичарите против напади, тепачки, провокации, акции - реакции, потреба да се каже, покаже, слушне и објасни нешто, останува да заклучиме дека, државата, институциите и политичарите реагираат само ако дојде до шамари, бокови, удари со лакт, скршен нос или дојава за бомби.
Ако нема такво нешто, тогаш ништо не е проблем.
Се' друго што е вистински проблем за граѓаните, државата, институциите - глас за легализам и вистина, ако е без шамари, боксови и дојави за бомби како по правило е строго координирано и контролирано да не биде видено и да не биде чуено.
Па, така очекувам повикот за истрага, одговорност и санкции на кои повика (особено) претседателот Пендаровски, да почне и да заврши со тезата за "системски пропусти" како во случајот со Онишченко и да замислуваат дека, поминало и поминува кај граѓаните кои одамна не гледаат нормална реакција во ненормална ситуација.
Така, системски, систематски, платено и пропагандно плутаме "кон Европа и пошироко".
