O2 Иницијатива
Ништо не е променето на подобро на поле животна средина на терен, се загадува и уништува постојано.
Отпад на секаде, се пали редовно и се дише редовно токсичен воздух, ѓубрето не се собира како што треба од сите населени места, за соодветни депонии според стандарди каде најголем дел ќе се рециклира уште абер се нема.
Реките редовно ни пожолтуваат, поцрнуваат од разни излевања во нив, јаловина, микс на хемикалии, но нема сериозни казни, кривични.
Се гради насекаде, згради никнуваат и во Маврово, профитот е единствениот репер за да никнат стотици станови.
Инспекции нема на терен да реагираат навремено, нема доволно високи казни, зошто ги намалија со законот за прекршоци за 75%, нема кривична одговорност, горат инспекциски архиви.
Крај му нема. Надеж дека после сите граѓански апелирања, барања, протести, акции нешто ќе се измени на подобро? На респиратор е во тешка сосотојба.
