Сојуз на синдикатите на Македонија
🗣ЗА ДА ИМАШ ДОБАР ПЕРСОНАЛ, ГРИЖИ СЕ ДОБРО ЗА ПЕРСОНАЛОТ❗
👉Сојузот на сидикатите на Македонија, како единствен репрезентативен синдикат и актуелен социјален партнер, будно ја следи и анализира состојбaтa во државата на економски план.
▶️Формализирањето на неформалната економија е област од висок приоритет за Сојузот на синдикатите на Македонија.
Според Државниот завод за статистика неформалното вработување учествува со 13,55% од вкупното вработување во земјата.
▶️Зачестеноста на неформалното вработување има негативни последици на економијата, за работните услови воопшто и за процесот на крерирање на политиките.
👉Анализата на ССМ како репрезентативен синдикат говорат дека работниците во неформалната економија не ги остварува работничките права согласно закон, заработуваат помалку од оние во формалниот сектор, имаат нестабилен приход и немаат пристап до задолжителните социјални фондови, а синдикатите до сега не можеа да им овозможат правна заштита.
👉ССМ како актуелен социјален партнер е вклучен во сите активности за намалување и елиминирање на сите причини кои ја предизвикуваат неформалната економија а тоа се : нелојална конкуренција, намалување на сиромаштијата, обезбедување на продуктивно вработување преку креирање на одржливи работни места, реформирање на даночниот систем и поедноставување на регулатива за формирање и регистрирање претпријата и нивно вклучување во формалната економија,
ССМ како релевантен и репрезентативен социјален партнер, активно учествува и се залага во креирањето на политиките и стратегиите на пазарот на труд чија основна цел е ублажувањето на невработеноста и намаливање на стапката на сиромаштијата.
👉ССМ и другите социјални партнери исто така спроведуваа мониторинг и евулација на стратегиите политиките за вработување и активните мерки за пазарот на труд.
👉ССМ ја следеше реализацијата во текот на годините на Програмите во Оперативниот план, за кој смета дека се насочени кон поттикнување паметен, одржлив и инклузивен раст на вработеноста.
👉ССМ со вклученоста на изготвување на ЗРО се залага за донесување на закони и измени и дополнувања на постојната законска регулатива кои ќе овозможат поголема мотивираност на работниците, но и на работодавачите за формализирање на трудовите односи, односно за унапредување на формалната економија.
⚠️Сметаме дека од особено значење за намалување за неформалната економија е активната улога на Државниот инспекторат на труд. Од тие причини ССМ и ДИТ спроведуваат заеднички активности за откривање на непријавени работници во компаниите и регулирање на нивниот работен однос со склучување на договори за вработување.⚠️
🗣Став на ССМ е дека намалување на неформалната економија и негативните последици од истата може да се очекува единствено доколку се спроведат интегрирани, заеднички активности на сите институции во државата. Само со почитување на законите и нивна имплементација, а воедно и нивна контрола со спроведувањето од страна на ДИТ, ќе може да се надеваме на фер односи, нов систем на вредности и унапредени права од работен однос кои се најбитни во државата, бидејќи преку вредноста на трудот на работникот расте и вредноста на институциите, компаниите, а со тоа и вредноста на самата држава.
❗👉Апелираме до работниците да ја користат новата бесплатна мобилна апликација ССМ - мои работнички права која ја изработивме заедно со Меѓународната организација на трудот, а преку која работниците можат да пријават прекршено работничко право за себе и за друго лице, да пријават анонимно, да комуницираат директно со ССМ и да следат најнови вести и совети од ССМ.
•••••
Кампањата се реализира во рамки на проектот на Меѓународната организација на трудот – Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија. За да се обезбеди системски пристап, неопходно е зајакнување на контролата и санкционирање на оние кои не ја почититуваат трудовата регулатива.
Формализирај ја работата
