Bojan Maricik
🇲🇰🇪🇺 Преземените обврски мора да се исполнат, важно е пристапните преговори со ЕУ да завршат побрзо.
На средбата со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак разговаравме за планот за забрзување на интеграцијата во ЕУ на целиот регион, за активностите кои следуваат на тој план, за нашиот пристапен процес и важноста навремено да ги завршиме задачите кои ги имаме.
Тој потврди дека ЕУ помага да се забрза и регионот да го достигне членството до 2030, затоа ние мораме поскоро да донесеме одлука во наша корист и да не дозволиме да се плашиме за својата иднина одвнатре.
Позитивна е атмосферата во Брисел за проширувањето и државите членки на ЕУ ја поддржуваат нашата евроинтеграција, политички момент кој мораме да го искористиме со поголема самодоверба и силна одлучност од сите.
Државен геополитички интерес и наша главна цел е членството во ЕУ, затоа наша должност е да останеме на патот по кој веќе успешно чекориме.
На средбата се согласивме дека е важно да се забрза интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и дека очекуваме јасен план како да успееме побрзо регионот да биде дел од ЕУ.
Посебен акцент ставивме на нашата евроинтеграција и следниот чекор кој води кон нов напредок и целосно навлегување во преговорите по Кластери, што ќе наметне и ново темпо на реформите.
Владата има волја да ги исполни своите задачи, нашите европски партнери и граѓаните очекуваат секоја институција да преземе одговорност за позиционирање на Северна Македонија на мапата на ЕУ.
