Ибе Паликуќа @Ibe_Palikukja
Државава толку се испразни што сите што останавме сме како учесници на риалити шоу.
Мачка е единственото суштество на планетава што го има сфатено животот. Она си е на прво место, па после сѐ друго. Името си го знае само кога е гладна, си игра само кога ѝ е досадно, се гали само кога ѝ е ќејф, а на глава ќе ти се качи кога ѝ треба нешто.
Ако некој многу те нервира му пишуваш збор по збор на Вибер да му вибрира телефонот до бескрај. п.с. Изгледа имам изнервирано многу луѓе во животов.
Толку многу лоши работи се случуваат во ист момент што немам време да паднам во депресија.
Годишните времиња се повторуваат, историјата се повторува, партиите на власт се повторуваат, короната се враќа, само мојта младост никогаш нема да се врати...
Заклучок: Македонскиот јазик е кавијар. Ограничен, тешко достапен, но исклучително вкусен. Нека ни е жив и долговечен!
Најдобрите рецепти се кога ставаш од око и по свој вкус колку сакаш и ти треба. Особено со животот.
Можеш да имаш мислење и без да го споделиш.Можеш да имаш успех и без да се пофалиш.Можеш да бидеш среќен без никаква причина.Можеш да сакаш одмор и кога не си многу уморен.Можеш да не разбереш нешто и кога си паметен.Можеш да сакаш.Можеш да не сакаш.Можеш.
Малиот ми напишал песна, големиот се измачил да го набави и скрие подарокот, маж ми цел ден ме замајува за да им остави простор. Јас сум среќна коцка 🥰.
Ние не земавме ни брашно, ни зејтин, ни бензин. Нашата мрза е поголема од било која пропаганда.