Mirjana Maleska @MaleskaMirjana
владиката Партениј, мислам, најдобро кажа на когу прпаѓа Гоце: на добро воспитани, културни луѓе, разумни и умерени, начитани, кои имаат разбирање и емпатија за сите во невоља или така нешто(слободно парафразирање)
Што треба за независност? Па вака: да се сруши Железната завеса, да исчезне ленинизмот, да се распадне сложената федерација, да ти е Киро Глигоров во тој момент лидер, да се избере мирољубива политика..Ние реда-ради, ама затоа српски BBC сериозно одбележи:https://t.co/zxEyGg5RD6
Една ретка слика. Редакцијата на првата македонска радио-станица во 1945 ( по повод празникот)
ВМРО-ДПМНЕ, Лвица и сите други противници на Преспанскиот договор добија “зајакнување”. Грчките националисти како и радикалните групации во Нова Демократија притискаат,сега Грција да се повлече од договорот и да го поништи.Добри шанси, да се вратиме каде што бевме пред 30 год.
Како почнаа војните во Југославија? Со збор. На омраза, свесна лага и сатанизација на другиот. Прва страда вистината.....
Аргумент за колебливи гласачи"Јас сум горда Mакедонка од Македонија!"И.....?????
Котлар вечерва во Само вистина на Канал 5 мислам, дефинитивно ги убеди Центарци да гласаат за Герасимовски!
Над сите мои очекувања, одлично организирана прослава на денот на независноста, 8 септември!!!!!! Не сум видела скорo,нумера каде наизменично се пее на македонски, албански, ромски и српски! Браво,Верa,Јехона, Елеонора и Минела, ја прославивте убавината на жената!
"Мојот учител, октопод"!(Netflix). Волшебен документарец за подводниот свет и за едно крајно необично пријателство меѓу документарист-нуркач и октопод.Момент за паметење: октоподот допливува до нуркачот и радосно го прегрнува!Пораката на филмот: Секој е важен
Да охрабрам!Одлична организација во "Борис Трајковски", ред, ефикасност, дисциплина, љубезност, вешт медицински персонал, добро расположение и дискретна музика во салата. А ми се бендиса и името на вакцината, крстена по првиот вештачки сателит од 1957!