Fridays For Future Macedonia @fff_macedonia
На ниту еден од протестите низ Европа не видовме толку големо полициско присуство според број на демонстранти. Не исшуткаа да протестираме на автобуска станица, но ние не чекаме автобус. Чекаме вистински климатски политики, за избегнување на претстоечката катастрофа!#FFFSkopje
Повисоки сметки, повеќе профит за фосилната индустрија, посиромашен народ, греење на дрва, сеча на шуми, позагаден воздух... милион причини за поддршка на протестите против поскапувањето на струјата.Запамтете - социјалната правда е еколошка правда!#ПетоциЗаИднината
@fff_macedonia
Коронавирус: ова е најголемата опасност за човечката цивилизација. Климатски промени: Hold my beer.#КрвтаНаВашитеДеца#БалканотБараЧистВоздух
Следниот петок во Скопје ќе се одржи протест за чист воздух, заедно со повеќе градови од цел Балкан. Повикуваме на масовна излезност во знак на солидарност со активистите кои беа приведени синоќа пред Министерството за животна средина!
Ако сакате јавно да побарате крај на матните зделки со увозот на отпад, дојдете во петок во 15 часот на протест пред Собрание. Доволно чекавме и доволно беа изговори. Ако навистина ова ни е важно прашање, тоа треба да го докажеме пред институциите.#СтопЗаОтпад#ПетоциЗаИднината
You shall not pass (the border with toxic waste)!Back on the streets (and Twitter).#FridaysForFutureMacedonia
Увезувањето на отпад е легално. Инспекциите не пронаоѓаат никакви прекршувања кај индустриските погони. Дивоградбите се легализираат.Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност!#ЗеленаРеволуција
Шеснаесет термоелектрани на јаглен на Балканот загадуваат повеќе од целокупниот збир од 250 електрани во Европската Унија.Ако ова е европски проблем, само може да се замисли колку не погодува нас. https://t.co/Mqp1LBhzqn
Пораката е испратена. Веќе немаме трпение за изговори и одолговлекување. Имате барања со рокови. Сакате младите да не се иселуваат? Исполнете ги тие барања.#ЗеленаРеволуција
Ало @VladaMK , дали се слушаме? Овде дружината на Грета Тунберг. Не, не е хибриден напад😂#FridaysForFutureSkopje#ЗеленаРеволуција