Meri Batakoja @mei_botata
Пред мноогу години, 2006-2007 ваљда, бев на концерт на Ферус на Exit во Нови Сад. Направи една од најдобрите журки таму, колку и да звучи некомпатибилно со таа сцена. https://t.co/aWSnuu7xah
#Синми (4.5) вчера изјави дека сака да му купам јајца од препелица, бидејќи некој негов другар од градинка јадел јајца од препелица. Му купив секако, и сега сите вечераме јајце од препелица збунети. (Јас инаку прв пат јадам)
Кога ќе се пензионирам, ќе се преселам во #ДемирКапија. (Секако, доколку не ме посреќи некое море до тогаш)
Мојот пес е најтивкиот и најмек пес на светот.Толку е тивка што често не ја ни забележувам, и после ја пронаоѓам во некој дел од станот, за да ме потсети колку ја сакам.
#Синми утрово со коцки си го напишал името пред мојот лаптоп (за да ме изненади) и јас сега со маусот се снаоѓам околу него, од почит и жал да го уништам. Мајка ми еднаш стави леген со испрани алишта врз проект цртан на рака и боен со акварели. Тоа се тие генерациски разлики.
Дрвото беше тука пред зградата и тоа е важно. Едноставните #бонтон лекции помеѓу архитектурата и природата не биле од секогаш непознати за Скопје.
Ме поканија да објавам научен труд во едно значајно списание за архитектура и толку се "вдадов", што или ќе добијам Нобелова награда или ќе се уништам 😂
#Синми (4) собрал серија на информации за музичари, дека Реј Чарлс е слеп (гледавме серија), дека Бетовен бил глув (учеле во градинка) и дека редица музичари кои ги слушаме дома веќе не се живи. И сега, секој пат кога пуштаме музика, прашува "Овој слеп е? А глув? Умрен е?" 🙄😬
Денеска, туристички ја посетивме Шутка. Шутка веќе по ништо не се разликува од најголем дел од остатокот на Скопје.
Морам да ви признаам нешто.Сабајлево прочитав колумна на Тодоров за нов медицински факултет. Колку таа колумна ме потсети на невтемеленото "остваруваме", типично за периодот кога министеруваше. Како некој, кој нема ниту искуство ниту знаење, замислува драматични реформи.