Влада на Република Северна Македонија
Државата е партнер на граѓаните и стопанството, преку четвртиот пакет мерки помошта ќе стигне онаму каде што е потребна.
Спас на работните места не е само бројка, зад секое работно место стои наш граѓанин кому му е неопходна помош. Ова е солидарна помош и за малите фирми, занаетчиите, самовработените, за кои помошта значи преживување на оваа криза, време во кое тие знаат дека можат да сметаат на помош од државата.
