EGjorgievska @BetiGj
Грижата за лицата со деменција значи голема пожртвуваност. Настанот Memory Café во #МладиХаб во организација на @PlusAlzheimer беше можност за размена на искуства, едукација и советувања меѓу стручните лица и семејства и негувателите на лицата со деменција.
Дружба со најмладите на #ДенНаДетето и работилница во #МладиХаб инспирирана од новите бајки „Океанија“, и „Луѓе и змејови“.Благодарност за нивното внимание и искрената детска љубопитност.Секој ден да вложуваме напори да биде #ДенНаДетето.
Изложеноста на УВ-зрачење во летниот период го зголемува ризикот од кожни заболувања, од кои најсериозна форма е меланомот.За превенција:☀️да се придржуваме кон мерките за заштита;☀️да правиме самопрегледи и дерматолошки прегледи. #euromelanoma2023
📚🎨Магијата на сликовниците и радоста на читањето нѐ спои со најмладите посетители на фестивалот на литература и илустрација за деца „Литера 2023“ 📖💫Ја читавме „Облакот во жолто палто“ на авторката Нина Манојловиќ и разговаравме за пријателството, емпатијата и љубовта. ❤️
Секој тип на семејно насилство, вербално, психолошко или физичко е недозволиво и треба соодветно да се санкционира и искорени.Суштинска дискусија на панелот „Семејно насилство - потенцијални жртви и последици” во организација на Европското здружение на студенти по право (ЕЛСА).
Со децата поддржани од СОС Детско село и учениците од ООУ „11 Октомври“ го одбележавме #InternationalFamilyDay, преку промоција на сликовницата „Најискрената прегратка“. Да ја славиме убавината и различноста на секое семејство и хуманоста на згрижувачките семејства.❤️
Мора да работиме со младите при планирањето на семејството, со цел да се почне со практикување на правилен начин на исхрана. Заедно со @UNFPA_MK и Клиниката за гинекологија вршиме едукација на гинеколозите, педијатрите и на идните мајки за важноста на исхраната и доењето.
Честитки за успешната инаугурација на Мрежата за спречување на прекумерната тежина кај децата во европскиот регион на СЗО.Ми беше чест да бидам дел од првиот Самит на сопружници на европските лидери. Благодарам @DrSanja_MM и @WHO_Europe за поканата да се обратам.
Имаме уште многу работа и како индивидуи и како колектив за подигнување на свеста за менталното здравје и разбивање на стигмата поврзана со него. Наша заедничка цел е создавање на безбеден простор и пристап до услугите за подобрување на менталната здравствена состојба.
Отворена дискусија во @mladihub на тема „Да ја отпакуваме Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост по однос на правата на жените и девојчињата со попреченост“ со поддршка на @UNDPMK и здруженијата на лица со попреченост.