Bisera @zamislena
доктор бобан вучевски ослободен!се расплакав со солзи радосници.
можда еден ден некој ќе не' прогласи за херои нас, кои останавме тука да се носиме со бурите од закани, навреди и дискриминација.
сопругот на тина тарнер, ервин, е тој што и' донирал свој бубрег, и со тоа и' овозможил уште некоја година живот.кажете ми што беше тоа љубов.
одамна, како твитерџија приправник, во петок наутро објавував слики со цвеќе. мислев дека луѓето го сакаат тоа. после многу години, не знам дали луѓето го сакаа тоа, ама јас и натаму им се радувам на петоците како на мали цветни празници.
мене ме фрапира зрелоста на ракописот на дечкото. буквите, бројките, ама и графиката, мапата на планот. од друга страна, се прашувам зошто овие факти/докази беа јавно презентирани од страна на полицијата.(што знам, можда па така треба)
бехтел и енка почнале да ги влечат нашите пари. македонија ќе нема пари за плати, пензии, здравство, образование и се' друго. ќе ќутите ли и сега, морони?
во кесата со јагоди што ги купив на пазар, не најдов ниедна од тие крупните што беа изложени напред. ок, ме зезна, пазарџијо. го зезна и ова мало дете што се радува на секоја јаготка. знам, пазарџијо, ти си прав репрезент на овој гнилеж од општество. збогум, од утре кај друг!
македонија кон бездната https://t.co/1jIma7Yg9H
прилепска "тила" е одличен бренд за детска облека, кој вистински може да се натпреварува на меѓународниот пазар. завчера изгорел производствениот погон. трагично. избил пожар на кровот, на фотоволтаиците. јас им посакувам нов среќен почеток.
во социјализмот се граделе улици, патишта, пруги, паркови, фабрики, школи, градинки, болници. сега е време да се градат станбени згради. многу згради. огромни. толку многу, што сето она претходно градено треба да го снема, за таму да се изградат згради. згради и ништо друго.