Јован Јаулески
Една од жртвите на грозоморниот терористички напад кој пред два дена се случи во Виена, е 20 годишно момче од Велешта, Струга.
Неџип Вренези беше младо момче кое животот беше пред него, но за жал некои заведени луѓе со болни размислувања го попречија да живее, да создава семејство и да изгради свој дом и кариера.
Затоа против ова зло со кое се соочува светот и страдаат невини и недолжни луѓе мора сите заедно да се избориме.
За ниту еден акт на тероризам нема оправдување, без разлика кој ги извршил и во кое име се случиле. Тероризмот не познава вера и нација и решителноста да се порази оваа чума не треба да нѐ напушти никогаш.
Изразувам длабоко сочувство до неговата фамилија за огромната загуба. 🙏
