Мимикрија @MajaSpasovska1
Со чувствата на сите се коцкаат, па глумат жртви кога ќе изгубат.Такви некои луѓе...насекаде.
Шепни и на ноќта за копнежот во душата.Сѐ бива.Од кај знаеш...Може чудото се досадува.
Ме скршиле. А уште ги чувам... Тие некои зборови.Тие некои дела.Тие некои луѓе.
Ко да не сме ни биле никогашНиту ти во моите вдишувањаНиту јас низ твоите соништаКо да не сме си ги погалиле расцепите низ душитеОнака, со врв на прститеКо никогаш да не сме си ги љубеле ранитеИ никогаш ко да не сме си ги гушкале кревкостите
Пенетрирај ми во сетилата.Полека.Низ трепетот...и желбата.Навлегувај како воздух додека ја гризам устата.Длабоко.Најдлабоко.Не брзај...Тука, кај што е воздишката.Ете...баш вака се води љубов со душата.#третасмена
Кога бевме деца нѐ ранеа со лажичка, велејќи:-Авиончето иде, ааааам...За после да речат:-Сѐ што лета, не се јаде.Е...затоа сме збунети до даска.
А да се чуваме?Онака, како да е крај на светот кој го познавамеСо трепет во душитеБез страв дека ќе се скршимеДа гризаме од копнежотКо да е забрането овошјеДа се разлееш низ менеПа да те покријам со себеА да се љубиме?Без граници и времеАј да пробамеНишто не губиме
Знаеш ли како изгледа љубовта?Ете баш така...Твојата прва помисла.
И јас бев грев.Секогаш штом ќе ти ги опседнев мислите.Секогаш, штом ќе си ги гризнеше усните.Секогаш кога светот исчезнуваше.И јас бев грев.А ти?Уживаше.
Чекаш додека не сфатиш.А потоа...живееш.