Христијан Мицкоски @MickoskiHM
Денеска заедно со градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“, присуствувавме на увид во градежни активности на улици во општина Кочани.Кочани добива нов лик, се реконструираат улици, се решаваат проблемите на граѓаните!
ВМРО–ДПМНЕ и јас, лично, остануваме на својот став. Нема да поддржиме Уставни промени под овие услови! Оваа власт нема повеќе што да понуди и наместо да ја одложува агонијата, нека распише избори, што поскоро.
Тезата на Ковачевски, или интеграција под бугарски диктат или изолација, претставува измама.Измама е кога Ковачевски ќе каже интеграција, а мисли на Уставни измени и прифаќање на бугарските диктати, кои оваа наша Македонија и народ ги отфрла како понижувачки.
Повикувам на национално единство со некорумпираниот дел од политичката сцена, да покажеме одговорност спрема народот кој очекува лидерство!Од сите вас зависи каква ќе биде иднината. Ова е шанса не само за една, туку за сите генерации заедно оставени на страна овие 30 години!
Истакнав дека Ковачевски ниту има тим, ниту концепт како и наместо напредок, Македонија со години стагнира и инфлацијата во изминатите години беше една од највисоките во Европа.
Денеска заедно со потпретседателката Гордана Димитриеска-Кочоска и членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Маја Кадиевска Војновиќ и проф. д-р Трајко Славевски остваривме средба со Жак Миниан, шеф на мисијата на ММФ за Македонија и Стефани Ебле, регионален претставник за Западен Балкан.
Имаме премиер кој ДУИ го држи во заложништво, а токму тие се вистинските газди во владата, газди на криминалот и господари на туѓите судбини. И затоа ќе направам сѐ за да ДУИ оди во опозиција. Кога тие ќе заминат во опозиција, ќе и се раздени на Македонија.