Frosina Remenski
ЗА ОТСЕКУВАЊЕТО НА ЧЕСНАТА ГЛАВА НА ЧЕСНИОТ, СЛАВЕН ПРОРОК, ПРЕТЕЧА И КРСТИТЕЛ ЈОВАН
...Смртта заради Христа – тоа не е смрт, туку раѓање во нов живот.
Да се вратиме кон историскиот настан, за кој само што слушнавме од евангелското четиво. Ирод – цар Јудејски, познат по неморал, стремеж кон раскош и бездушност – незаконито живеел со жената на својот брат.
Секако, тоа било нарушување на Јудејскиот закон, сите тоа го знаеле, но никој не се осмелувал да го каже тоа.
Само Јован Крстител, човекот, кој го крстил Самиот Син Божји, кого сите евреи го почитувале како голем пророк, смело го подигнал својот глас, изобличувајќи го царот, му зборувал во очи,
дека не треба да го нарушува законот и да врши прељуба.
Јасно е, каква била реакцијата на владетелот.
Цар и самодржец, тој е принуден да слуша некого, кој смее него да го изобличува?
Гнев вриел во душата, злобата растела.
Се разбира, тој сакал да го уништи Јован Крстителот, но, како што често се случува кај подмолните луѓе, во него, од една страна живеело чувството на ѕверска омраза кон праведникот, а од друга страна – страшлива состојба.
Како што е кажано, тој не го вознемирувал Праведникот, бидејќи се плашел од бунтот на народот, кој го сметал пророк.
И ете повторно тука се покажува неговиот лажен карактер, бидејќи ниту еден Јудеец не можел да каже дека тој не верувал во Бога.
Тие ги знаеле заповедите Божји, ги знаеле – и грубо ги нарушувале. И ги мразеле тие, кои ги повикувале кон исполнување на заповедите и ги изобличувале за неправда.
Но, ете, како што често се случувало Ирод приредил гозба за своите кнезови, војводи и старешини галилејски.
И како што е вообичаено, – вино, музика, веселба и танци. Танцувала ќерката на Иродијада, што многу му се допаднало на Ирод, така што тој и’ ветил да и даде дури и половина царство.
Ќерката отишла да се посоветува со својата мајка, што да побара од царот. Имајката, како јавна блудница, која го мразела Јована Крстителот, одговорила:
“Нам не ни треба половина царство, Ирод веќе е под наша власт.
Но побарај од него, сега да му ја отсечат главата на Јован Крстителот и нека ја донесат на табла овде”.
Оваа молба таа му ја пренесла на Ирод, кој паднал во очај и збунетост. Очевидно, во него се разбудило нешто, но чувството на гордост не му дозволило да им откаже на овие две жени.
Тој испратил стражар во затворот, каде се извршило најголемото злодело – на св. Јован крстител му била отсечена главата и донесена во салата…
Свети Претечо и Крстителу Христов Јоване, кој пострада за правда и љубов кон Христа моли го Бога за нас 🙏
