Stevo Pendarovski @SPendarovski
Васил Хаџи-Јорданов, Ферчо Поп Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Ванчо Гурев, Ристо Ѓондев, Блаже Ицев, Герасим Матаков, Пане Џунов, Пане Мешков, Данко Дафков, Илчо Димов и Перо Видев – сите на возраст од 15-27 години беа убиени од бугарскиот фашистички окупатор на 16 јуни 1943. Слава им!
Добредојде за новоименуваниот амбасадор на Ангола, Жозе Филипе. Подготвени сме за збогатување на нормативно-правната рамка за уредување на билатералните односи, како и за унапредување на економската соработка. 🇲🇰 🇦🇴
Честитки за 12-те најуспешни дипломирани инженери што на 20. јубилејна церемонија го добија Инженерскиот прстен. Ги охрабрувам младите инженери да се вклучат во глобалниот натпревар на идеи и решенија што можат да придонесат за развој и напредок на македонското општество.
Не ни се потребни нови форми на соработка во тоа поле за да станеме членка на ЕУ еден ден. Македонските граѓани се заморени од нови и нови методи според кои треба да се приклучиме во оваа организација. Интервју за РСЕ на македонски: https://t.co/6wNm3tTDLb
Средби за време на инаугурацијата на турскиот претседател Ердоган со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, вселенскиот патријарх Неговата Сесветост г.г. Вартоломеј, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и со бугарскиот претседател Румен Радев.
Честитки до @RTErdogan за новиот мандат како претседател на Турција. Подготвени сме да ја продолжиме одличната билатерална соработка и македонско-турското пријателство и партнерство кое се гради и унапредува низ соработката на нашите институции, бизниси и граѓани.
Во рамки на #ОтворенКабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ кои ме запознаа со активностите за унапредување на нивните човекови права.
Во посета на мојата некогашна гимназија „Цветан Димов“. Образованието и воспитувањето коишто ги добив од моите тогашни професори ми помогнаа да се изградам во морална личност, во човек кој никогаш не ги дели луѓето по вера или по нација.
Како мали држави треба да имаме што е можно повеќе домашни извори на енергија и да бидеме што е можно помалку зависни од увозот. Државите од Западен Балкан, самостојно со своите внатрешни ресурси, не можат да ги решаваат овој тип на проблеми и мораат да бидат дел од ЕУ. #MEF23
Добредојде за новоименуваниот тајландски амбасадор Апират Сугондхабиром. И покрај географската оддалеченост подготвени сме за натамошно унапредување на односите и соработката со Кралството Тајланд, во сите области од заемен интерес.