Сашко Митовски - Градоначалник на Општина Крива Паланка
Почитувани сограѓани, драги мои кривопаланчани,
Во изминатите 100 дена служба во Општина Крива Паланка работам со чисто срце, исполнувајќи го она на што се обврзав од првиот ден - посветеност, одговорност, достапност, транспарентност и ефикасност.
Заедно со општинската администрација и Советот на Општина Крива Паланка работиме на нови проекти за отворање нови можности и перспективи за секој граѓанин.
Ветив дека ќе бидам неуморен градоначалник со нови стандарди и принципи на работа, за кои лично се залагам да бидам пример, достапен за секој жител на општината 365 дена во годината, во дослух со потребите на граѓаните. Мојот пристап на работа e служба во функција на граѓаните и уште од првиот ден работам посветено на реализација на ветените проекти од предизборната програма за којашто ја добив довербата од граѓаните.
Одговорно и отворено работење, брзо и навремено изнаоѓање решенија за конкретните проблеми што ги засегаат граѓаните се приоритет, мој и на општинската администрација, преку динамична работа и храбро соочување со проблемите.
За тоа говорат превземените активности и проектите што ги одбележаа изминатите 100 дена работа:
1. Воведен приемен ден – секој работен ден и сабота. Досега остварени средби со над 3.000 граѓани. Од моментот кога влегов во овој градоначалнички кабинет, мојот работен ден започнува во 7 часот наутро и завршува во вечерните часови, односно, се додека не бид завршена и последната планирана обврска и одговорено на сите пораки од Вас граѓаните на Крива Паланка.
2. За чиста и убава Крива Паланка, направена реорганизација на работа во ЈП „Комуналец“ со: редовно перење, метење на улиците и јавните површини, детално чистење во градското подрачје, поставено модерно хортикултурно уредено зеленило. Активно и навремено чистење снег. Набавено е ново возило за чистење снег преку Биро за регионален развој.
3. Отпочна решавање на проблемот со сообраќајниот метеж: работни групи и консултанти на терен работат на проекти за изградба на катна гаража, затворен зелен пазар со деловно-административен објект и воведување зонско паркирање.
4. Ќе се комплетира уредување на тротоари низ главната улица вкупно 2025 метри. Финансии од Биро за регионален развој преку Североисточен плански регион.
5. Ќе се гради пешачка патека 974,35 м. кон туристичкиот локалитет Калин Камен со средства од Биро за регионален развој преку СИПР.
6. Послушан гласот на граѓаните- отстранети сообраќајните столпчиња од главната улица.
7. Врачени првите решенија за легалзација на дивоградби во мојот мандат. Наследив 1600 предмети, воспоставена е силна динамика на решавање на предметите.
8. Поставено првото детско урбано катче во градскиот парк, донација од Амбасадата на Народна Република Кина.
9. Крива Паланка-општина за пример по новогодишно украсување. Отпочна „Новогодишен базар“, ставена во функција постојната урбана опрема. Новогодишниот амбиент и нов стил на организација културни манифестации ја направи општината посакувана дестинација во државата и регионот. Центарот на градот преполн насмеани и задоволни лица, млади и возрасни граѓани.
10. Донесена Одлуки на Советот на Општината за доделување 3 000 денари за секое прваче запишано во учебната 2022/23 година.
11. Донесена Одлука за доделување 3 000 денари за секое новороденче во општина Крива Паланка во текот на 2022 година.
12. Донесена Одлука за непречено користење на училишните спортски терени и сали од страна на спортските клубови од градот.
13. Започна изградба на патот кон село Кошари, должина 2 километри, финансиски средсва - Бирото за регинален развој.
14. Започна изградба на локален пат во нас.Мезовски ливади. Средства од Владата на РС Македонија – ТАВ програма за подобрување на локалната инфраструктура во општините.
15. Вовед во градежни активности за реконструкција на локален пат во село Конопница м.в. Чифлик, средства обезбедени преку ТАВ програмата.
16. Започна проектот за реконструкција и рехабилитација на пристапни патишта во населба Единство, од т.н.Ловечки дом до Радевска маала и ул.Пиринска. Средства обезбедени од Министерство за локална сампуправа програма за поддршка на имплементација на декада на Ромите и буџет на Општина Крива Паланка.
17. Со Министерство за транспорт и врски во фаза на потпишување е договор за изместување главен лев колектор, од градски пазар до населба Бегови Бавчи.
18. Во фаза на потпишување со Минстерство за транспорт и врски договор за изградба на локален пат во с. Мартиница од 2.8 км и изградба на локален пат во село. Б’с.
19. Завршени реконструкции за подобрување на условите во ООУ „Јоаким Крчовски“. Поставена тартан подлога на кошаркарско и помошно игралиште, дворот поплочен со бекатон, обновени реквизити.
20. Потпишан договор за финансии за финиширање градежни активности за реконструкција на приземјето на градинката Детелинка.
21. Одобрен проект за меѓуопштинска соработка со Ранковце преку УНДП, обезбедена техничка опрема за Територијалните противпожарни единици од Крива Паланка и Ранковце.
22. Завршени градежни активности и тампонирање локален пат во Крстата Падина со средства преку Североисточен плански регион.
23. Продолжи изградбата на минор коритото на Крива Река, (дел 1 и дел 3) со кредит и грант од Министерството за финансии на Република Северна Македонија и МИСП проектот.
24. Завршени значајни сообраќајни проекти за: режимот на сообраќај од магистрала А2 до нови градски гробишта-овозможено започнување на изградба на патот, режим на сообраќај на дел од улица св. Јоаким Осоговски ( од Градски музеј до Соларски мост), сообраќај на локален пат до манастир Св. Јоаким Осоговски (стар пат), ул. Наско Тамбурков кај ООУ„Илинден“ и ул. Пролетерска.
25. Силен акцент за развој и унапредување на спортот - Крива Паланка ќе биде спортско-рекреативна туристичка дестинација. Ќе се гради нова фитнес зона на спортскиот комплекс со средства од Агенција за спорт и млади.
26. Ќе се изгради прва балон сала кај спортскиот комплекс со финанси од Агенција за млади и спорт.
27. Ново повеќенаменско игралиште со средства од АМС, одобрен проект за месноста Дубје, село Мождивњак.
28. Со средства од АМС во спортската сала „Бранители 2001“ ќе се постават панели за затоплување.
29. Одобрен проект преку АМС за обнова на постојниот објект на стадионот, со нов модерен лик.
30. Обезбедени финасиски средства за ново детко катче во општината, донатор- Државна лотарија на РС Македонија.
31. Преку ЈП Државни патишта извршена измена на категоризација на патниот правец кон с. Луке во регионален и поминува во надлежност на ЈП Државни патишта.
32. Со средства од ЈП Државни патишта ќе се реконстуира обиколницата-магистралниот пат, од технички преглед до излезот на градот.
33. Отпочна постапка за дигиталзиација на јавните услуги, договорено воведување нови иновативни дигитални алатки: мобилна и веб апликација за подобар квалитет, достапност и брзина на услугите за граѓаните.
34. Решен проблемот за исплата на парични побарувања од пожарникарите. Врачени спогодби на вработените во ТППЕ Крива Паланка за соработка и разбирање.
35. Отпочна постапка за давање на концесија за користење на градскиот базен.
36. Се гради патека од туристичкиот локалитет Станечки водопади кон Ловечка куќичка на Калин Камен со средства од ИПА прогрма за прекугранична соработка на ЕУ , помеѓу РС Македонија и Р. Србија.
37. Со прекуграничен прокет со Бугарија, ИПА програма на ЕУ, се уредува Бабин дол и се гради патека покрај новиот пат кон манастирот св Јоаким Осоговски.
38. Продолжува програмата "Спорт за развој" со регионалниот проект на ГИЗ, преку ТАКТ.
39. Импелементација на програмата РОМАКТЕД со Програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје и Институт Ромалитико за поддршка на процесот на имплементација,финансирана од ЕУ.
40. Продолжува УН Woman- проектот за јакнење на капацитетите на жените од општината.
41. Продолжува поддшката од МТСП и проектот за подобрување на социјални услуги и социјална реформа што го реализираат Владата и МТСП со поддршка од Светска банка.
42. Продолжува проектот за реконструкција на кино салата во НУ Центар за култура со средства од Министерство за култура.
43. Продолжува проектот за реконструкција на фасадата на ЛУ Градски музеј.
Вие, граѓаните ми ги дадовте довербата и легитимитетот да ги менаџирам процесите во општината и јас ќе се оддолжам на најдобар можен начин со примена на позитивни промени во решавањето на наталожените проблеми и состојби. Зедно со сите вработени во општинската администрација и Советот продолжуваме да ги решаваме проблемите, креирајќи доверба во институцијата.
Интензивната работа за развој на општината е влог во човечкиот капитал на среќа и просперитет, што со сигурност гарантира подобра иднина за жителите на Крива Паланка.
Со ❤ за Крива Паланка
Со почит,
Градоначалник на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.