Igor Janushev
Денес заседава Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на ОБСЕ на кој учествувам како шеф на делегацијата на Собранието на Република Македонија.
Со оглед на последните случувања, главна тема е ситуацијата во Украина, а јас како дел од Европската Народна Партија (EPP) во Парламентарното собрание на ОБСЕ во целост ги поддржувам ставовите на ЕПП во врска со најновата ескалација на конфликтот и инвазијата на Руската Федерација на Украина.
Исто така, уште еднаш го повторив ставот на ВМРО-ДПМНЕ – императивноста на нормите на меѓународното право чиј носечки столб се територијалниот суверенитет, интегритет и независноста на Украина се фундамент кој мора да се почитува.
