Nina Angelovska
❤️ Мојот ментор, инспирација, пуш, критичар, мотиватор… Повод и не е потребен за изразување емоција и благодарност за всадени вистински вредности и желба за знаење.. Ама по повод месецот на жената март посветен на дискусија за патот кон родова еднаквост, користам прилика за споделување затоа што улогата на родителите и воспитувањто игра оргомна улога, како за нашите ставови и перцепции по ова прашање, така и за самодовербата и вербата во себе. Јас сум воспитувана со конструктивна критика повеќе отколку со ‘пофалби и комлименти’, а за самодовербата и вербата учена дека доаѓа од знаење и постојано учење.
Светот е се уште машки, прогресот бавен, има доволно бариери како стереотипите и предрасудите, преодредените биолошки разлики за да си додаваме уште самите..
Девојчињата можат да работат и станат се што ќе посакаат, а улогата на сите нас е да ги охрабриме, а родителите да ја одиграат својата клучна улога со воспитувањето од мали нозе.
——
Признаниево и го дадов на мартовскиот настан на @genderequalityalliance а имав спремно и порака што сакав да ја пренесам со мала пригодна реч ама емоции.. кои не успеав да ги изменаџирам (како што вика мајка ми ‘се е манџмент’) 🥹 па сега на пишано ја споделувам тука 😄🥰
