ZEGIN
Христовото раѓање е еден од најголемите празници кои ги прославуваме. Божиќ е ден за семејството, ден за љубов, ден за полна и богата трпеза, ден за мир во душата 🤍!
Каде и да си, за Божиќ дома да си со најсаканите. Ова “правило” има двојно значење: за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Исус Христос, но и да се потсетиме дека во најстудениот период од годината, најтопло и најбезбедно е дома.
Божиќното утро почнува така што во рана зора се слушаат ѕвона од сите православни цркви и храмови. На Божиќ се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. Луѓето се поздравуваат и отпоздравуваат со зборовите “Христос се роди” и “Вајстина се роди”. Следува честитање на празникот и ручек со семејството, кој е прв мрсен оброк по долгиот пост.
Да се обидеме да ја зачуваме божиќната магија во текот на целата година, за да бидеме подобри, да сакаме посилно и да правиме по едно мало чудо секој ден 🤍!
Божиќ е време кога срцата се полнат со љубов, домовите со радост, а душите со надеж. Нека овој празник ви донесе светлина, мир, спокој, топлина и бескрајна среќа во вашиот живот и вашите домови.
Среќен Божиќ, Христос се роди 🙏!
Ваш Зегин 💙!