Dimitar Kovachevski @DKovachevski
Добро е што опозицијата не е против уставни измени, затоа што Северна Македонија има историска шанса за интеграција во ЕУ.Уставните измени се значаен чекор напред на нашиот европски пат, а глас за овие измени, е глас за европската иднина на нашата земја.
Државата треба да продолжи по европскиот пат. Добро е што опозицијата не е против уставни измени, нам ни треба обединета Влада за европска интеграција, не за изолација. Ова е најдобриот договор кој можевме да го добиеме. Гласот за уставни измени е глас за ЕУ.
Честитки до премиерот Николај Денков и до новата Влада на Бугарија. Им посакувам успешен и плоден мандат. Верувам дека заедно ќе работиме за успех на двете земји и на целиот регион.
Инвестираме 9 милиони евра за рехабилитација на автопатската делница Демир Капија - Неготино која е во должина од 15 километри. Овој пат е дел од трансевропскиот Коридор 10, што ја поврзува нашата држава со Грција, Србија и другите европски држави.
Постоечките странски инвеститори ги зголемуваат инвестициите во земјава.Германската групација „КОСТАЛ“ најави нова трета по ред инвестиција вредна речиси 50 милиони евра за производство на полначи за електрични и хибридни возила.Долгорочно обезбедуваме економска одржливост.
Ми беше чест што вечерва заедно со жителите на Бардовци во општина Карпош, го одбележавме верскиот празник Св.Троица.За многу години!
На средбата со @USAmbNMacedonia е реафирмирана јасната порака од САД дека Северна Македонија е фактор на стабилноста на регионот и по членството во НАТО, треба да стане членка на ЕУ.Го споделуваме очекувањето дека сите политички лидери и партии ќе го поддржат европскиот пат.
На Самитот на Европската политичка заедница, заедно со 46 други лидери, донесовме решенија за напредок на Европа. Покажавме дека нашата држава припаѓа во ЕУ!Поставивме цел за приклучување кон ЕУ до 2030 година. На Северна Македонија ѝ треба интеграција, не изолација!
Ми беше особено драго што на @EPCMoldova имав можност да се сретнам и да поразговарам со европски и регионални лидери на држави, за теми кои се важни за сите нас - мир и стабилност, енергетска отпорност и климатска акција, поврзан и постабилен континент.
Преземените чекори нè позиционираат како регионални лидери во енергетската транзиција. Но, на енергетската безбедност како заеднички предизвик во Европа, мора заеднички да му се пристапи при решавање.Ова произлегува како заеднички заклучок на 47 лидери присутни овој Самит.