IRLMacedonia @IrlMacedonia
Лажните вести се шират побрзо од вистинитите. Свесни сме дека ова е борба со ветерници, но оној што сака да е вистински и точно информиран нека го прочита текстот: https://t.co/4yrZ22geu6
Шпионскиот софтвер „Предатор“ што низ светот го продаваше израелската софтверска компанија Интелекса, а во Грција и Египет се употребуваше за шпионирање новинари, дисиденти и политичари, бил нелегално развиен и продаван од Скопје.https://t.co/hmztIZI1Jn
Зошто жртвите на лекарски грешки никако не можат да дојдат до правда?Нов поткаст вечерва во 21:00 на МРТ1 и нашите Youtube и Spotify канали.
3/3 Според официјалните податоци од Лекарската комора, во последните 5 години нема случај на одземање на лиценца за работа на лекар по судска пресуда или по барање на министер за здравство. https://t.co/YhQbHYbh8a
2/3 Случајот на Дона е еден од стотиците заглавени во Лекарската комора, која е надлежна за вршење на стручен надзор. Година и половина откако остана без матка, таа се уште не може да ја започне нејзината правна битка.
1/3 „Јас сум девојката што за малку ќе го изгубеше животот, а ја изгуби матката поради негрижа.” Лекарската комора, наместо да ја штити фелата од „расипаните јаболка”, спречува жртвите на лекарски грешки да добијат шанса за разврска и правда.
Дали на граѓаните навистина им треба владината продукција на пропаганда? Гледајте го нашиот нов поткаст во 17:45 во кој ја коментираме владината „редакција” со новинарите @FurkanSaliu и @KSinadinovska
Целата сторија: https://t.co/rJfnKKXX0I
Во последните 100 дена профилот Димитар Ковачевски потрошил 26,000 евра за спонзорирани постови на социјалните мрежи.Вистинската работа на вработените во владата кои работат на профилот е да обезбедат корисни информации за граѓаните, а не себерекламирачки спотови и објави.
Епилог сè уште нема, насилникот е на слобода, а жртвата наместо поддршка доби осуда и недолични коментари на социјалните мрежи кон неа, наместо кон оној кој сексуално ја нападнал.