Frosina Remenski
🎯 АНТИСИСТЕМ vis-a-vis СИСТЕМ ❗
За да се разбере како функционира еден организиран систем на неказнивост, негативна солидарност и пресонална неодговорност, треба да се разбере и да се препознае антисистемот.
А за да се разбере и препознае антисистемот тој мора да се персонализира.
Антисистемот во основа го сочинуваат сите најодговорни поединци за нефункционалноста на системот, односно оние кои први треба да одговараат доколку би постоел систем. Затоа, тие се првите крлежи на секоја општествена промена која го загрозува нивниот континуитет.
За да го обезбедат континуитет на воспоставениот антисистем во кој тие функционираат тие се наметнуваат како услови/предуслови за функционирање на новото – промената. И така, најчесто тие како предуслов стануваат предмет на договарања и операции за безбедни транзити на антисистемските поединци, секогаш кога ќе се намириса некаков бран на општествено-политички промени.
Предусловот за таа „технологија на мирна вода“ и „владеење без поголеми замерувања“ е наметнување на профили на луѓе кои оставаат впечатот на „спремност за борба“, а во основа молат Бога да не бидат ставени во ринг. Или, како што кажа еден паметен полицаец „тие се борат да не се промени воспоставената технологија и технолозите, туку да се оддржат истите само со нов наредбодавател“. Антисистемот ги отфрла како туѓо тело сите компетенции, способности, вредности, храброста, знаењето и независноста. Колку повеќе единки со такви особини – толку поголема опасност по опстанокот на антисистемот.
Сите носители на општествените и политичките промени низ историјата знаат дека, промените се случувале единствено во/со директна конфронтација со елементите на антисистемот – паразитите кои го цицаат духот на правилата, редот, интегритетот, вистината и храброста, за сметка на привилегии, незамерување, конфор, позиција, опстојување и вегетирање во антисистемот.
Антисистемот ја црпе својата моќ од онеспособувањето и минирањето на изворите на редот, поредокот, правилата и промените.
Неговата девиза е – онеспособи ги чуварите на системот за да фирее антисистемот.
Оваа „апстракција“ најдобро ја препознаваме откако по политичките битки (кои по правило се за некакви промени), следела разочарувачка, помалку надежна или надежна кадровска политика. Во неа најчесто се препознава желбата за општествена промена или пак желбата за владеење со технологијата на мирна вода по принципот „не таласај“.
Морав да го дадам овој научно дефиниран Диркемов пристап кон антисистемот, за да го персонализирам преку "придонесот во него" на една мала алка за која ќе пишувам во 18.00 часот.
Тоа е потребно, заради системот кој (сеуште) чека да биде воспоставен и кој треба да ги абортира сите паразитски елементи на болеста од која боледуваме со години. Ова со новиот речник го викаат „ветинг“.
Диркем би се смеел ако слушне дека македонскиот „ветинг“ треба да го спроведат антисистемски играчи.
