Oliver Spasovski
Исплатени се вкупно 5 бонус плати за над 150 изработени прекувремени часови на годишно ниво. Откако го преземав раководењето со МВР, една од целите коишто ги поставивме на стратешко ниво беше и спроведувањето на гарантираните права на вработените во МВР согласно Колективен договор.
Така, во периодот од 2017 до 2022 исплатени се бонус платите за 2017 и 2018, за коишто не беа обезбедени и исплатени средства од претходното раководство на МВР, а продолживме и со редовна исплата на бонус платите за 2019, 2020 и 2021 година, односно вкупно издвоени 561.773.133 денари или 9.060.857 евра, средства од Буџетот на МВР предвидени за остварување на ова право на вработените.
Нашиот веќе етаблиран концепт „Задоволна полиција – безбедни граѓани”, којшто за возврат донесе ефективни резултати за безбедноста и сигурноста во периодот од 2017 година наваму, продолжуваме да го унапредуваме и надградуваме, а сѐ со цел уште подобри резултати во полициското работење, односно создавање на професионален сервис за граѓаните, сообразувајќи се со модерните трендови и стандарди на европските полициски служби.
