Евиан @aveEvian
сакам свет во две бои - сина и песочно-бела, сакам чист хоризонт до каде што допира погледот и мир до последна клетка во душата. Сакам изгрејсонце и зајдисонце, сакам еден ебан убав ден, сакам ладен коктел и насмевка што ни лимон не ја симнува, сакам да сакам, на цел глас.
Сакам море и сладолед. Сакам стапалата да не ми се гледаат од песок, купачите да се цедат на мене, сакам да се нервирам што ветерот ми го дува шеширот, а сонцето ми го гори носот, сакам единствена грижа да ми биде тоа што има луѓе на плажа и не можам да го сликам морето убаво
Кога булките се спремаат за бал..
Никогаш не ми испаѓа зелникот ко твојот,ѝ велам. Ааа, чекај, вели, открив ново брашно! И веќе пакува 1 кг во торбата.Мама, бе! велам, немој, ќе си купам! Земи го и лончето,вели, со него кога мерам вода, најдобро ми испаѓа.И твоите раце да ми ги дадеше, мамо, мислам,до нив ќе е..
Задушница е ден кој потсетува дека единствените луѓе што смеат да ти недостигаат, се мртвите.Другите избрале да ти фалат, свесно.
Купено од бабичката пред Веро, мало, неугледно, засадено во пластична чашка од јогурт, во ден кога пола царство ќе дадев за убав збор. И, имаме нови ливчиња 🥰
Прецветаа липите. Дождот се претвори во чај од липа и истече по улиците, оставајќи го градот безмирисен, непоправливо осиромашен за една расцветана пролет.Или, можеби, јас задоцнив, чекајќи совршен момент за да ги доживеам. По навика.
Сакав да речам дека дождот ми ја украде пролетта, па се сетив дека не можеш да украдеш нешто што си е твое, дека секоја што сме ја имале била подарок и, ете, ништо не велам.
Секоја пролет се раѓаат со иста цел - да донесат некому малку среќа, зрнце радост, нова надеж, живот.. Тврдоглави суштества.. Толку многу нежност и убавина потрошени, залудно.
Оној дел од денот кога ќе се стуткаш под ќебе, ќе си пуштиш филм, а мачето ќе ти легне во скут и ќе преде најгласно што може, па светот ќе заличи на голема пита Ементал - жолт, ненаселен, полн дупки и глува тишина.