Branko Trickovski @BrankoTricko
Како сервира вморон на кого му се скинати сите жици во главата?Не сервира, бара противникот да го предаде мечот затоа што тоа го бара народот.Хахаха!Многу сакам да станам член на тоа главато друштво?Главите им се ко дупки во полски нужник.
Многу се смеам кога некој ќе ми каже дека народот не е глупав и дека никој не може да го прелаже, тој ми е прв доказ дека зборува глупости.
Парада на срамот во Москва:Како големата победа над фашизмот и нацизмот ја претворивме во длабоко орање по коските на тие што ги дадоа животите за неа.Во срамен пораз.Во септичка јама во која го набутавме рускиот народ велејки му дека влегува во џакузи со шампанско од Путин.
Медиумите се слободни од власта, тоа е тоа што се мери, но се заробени во глупоста, неписменоста и злото на таканаречената опозиција, медиумите се атентатори врз македонското општество, ене го, лежи мртво по улиците, кафеаните и дебатните емисии.
Ниту еден капиталист не може да те заебава со работничките права како што вмро може да те заебава со националните.
Македонија и АгрипинаПола Македонија се однесува кон вмро како Агрипина кон Нерон: кога калдејските врачови и рекле дека синот и ќе стане цар и ќе ја убие својата мајка, таа рекла нека ме убие, само нека владее! ( Occidat, dum imperit!)
Патриотизмот стана главна карактерна црта на глупаците. Не велам дека нема и по некој паметен патриот, само велам дека нема глупак кој не е патриот. Патриотот е глупак исто колку што глупакот е патриот. Некаде ги викаат морони, што е кратенка од вморони.
Бугарите не се неопходни за уништување на македонската нација, процесот многу добро напредува и со патриотите.
Ако не ги пуштат Бугарите во Уставот,Македонците ќе бидат запишани во книгата на Гинес како најглупав народ од Кромањонците наваму.Во врска со лижавчето што го нуди вмро ќе ви кажам: ако ги одбиете Бугарите, државата ќе ја средите по мерката на своето исчезнување за три дена.
Работите се многу прости: Вмро не се бори Бугарите да не влезат во македонскиот устав, туку Македонците да не влезат во Европа.Ако ова не ви е јасно, консултирајте го вашиот доктор или фармацевт