Timco Mucunski @TimcoMucunski
Аеродром станува првата смарт општина во Македонија 💡✅Почнува реализацијата на проектот кој предвидува поставување паметно осветлување, електрични велосипеди и тротинети, бесплатен интернет, полначи за електрични автомобили и дигитализирани информативни дисплеи за граѓаните.
Аеродром вечерва има за што да се радува. Продолжува апсолутната доминација во македонската кошаркарска лига. МЗТ Скопје со три рутински победи во финалните натпревари, по десетти пат е шампион на Македонија 🏆🔵⚪️
ОOУ „Љубен Лапе“ по долго време доби две нови, повеќенаменски спортски игралишта ✅⚽️Остануваме фокусирани на поддршката на спортот и посветени на инвестициите во спортската инфраструктура. За уште многу спортски успеси и радост во Аеродром.
Денеска го чествуваме празникот посветен на браќата Кирил и Методиј, македонски просветители и учители.Вчерашниот настан во ОУ "Љубен Лапе" го посветивме токму на придонесот кој тие го имаат за македонската култура.Честит 24 мај - Денот на сесловенските просветители 🇲🇰
Чувството кога на дело се докажува дека сме го направиле вистинскиот чекор е непроценливо. Благодарение на сплотеноста, ФК Вардар повторно е онаму каде што припаѓа.Им честитам на играчите, на Комити Скопје, но и на сите кои се одзваа на нашиот повик за спас на ФК Вардар 🔴⚫️🏆
Насилно се става 🇪🇺 знаменце на закони за да се избегне дебата, а под параванот на Европа гледаме прекршување на процедурите.Оваа Влада е сѐ, само не европска. Прва обврска на новата влада ќе биде истрага на овој случај од органи кои се ослободени од политичките стеги.
Граѓаните се разочарани, надежта се повеќе се губи, а на државата и се потребни итни промени.Токму затоа и овој викенд сме со народот. Го посетуваме секое населено место, работиме на обединување и заедно со граѓаните ќе донесеме подобра иднина за Македонија.#ОваЕМакедонија🇲🇰
Поддршка за ФК Вардар кога е најпотребно 🔴⚫️Денеска, во мојот кабинет остварив средба со претставници на навивачката група Комити Скопје.На моја иницијатива, ФК Вардар ќе добие нов спортски терен во Аеродром каде ќе може да ги одржува подготовките, натпреварите и тренинзите.
Македонија ги живее најлошите економски денови, цените се кренати до плафон, а куповната моќ на граѓаните е катастрофална. Во исто време, единствен фокус на власта е како да донесат уште една матна одлука и да го скријат со класификација на документите и дефокусирање на јавноста.
Ние сме поразлични од нив. Ние работиме транспарентно и во согласност со законите. Постапката која започна во 2019 во време на СДСМ и Златко Марин ја ставивме на увид пред граѓаните и одлуките ќе ги носиме согласно нивните забелешки и потреби.