Моника Зајкова - Monika Zajkova
Од состанокот на Unioni i Nxënësve të Shkollave të Mesme - Сојуз на Средношколци на РСМ со Премиерот Димитар Ковачевски:
✔️ Директно вклучување на средношколците во стручната работна група при МОН која го подготвува новиот Закон за средното образование;
✔️ Адаптирање на претстојната државна матура со оглед на новонастаната состојба во образованието (продолжен рок за полагање на проектните задачи до 16.05.2022г.);
✔️ Дополнителна испитна сесија на крајот на јуни за оние матуранти спречени да полагаат поради КОВИД-19;
✔️ Информација за Предлог - измените и дополнувањата на законот за средно образование кои се однесуваат на бесплатниот јавен превоз за сите средношколци, и за државните и за приватните училишта, со регулирање на условите за користење во летниот период од страна на оние ученици кои имаат пракса;
✔️ Презентација на иницијативата „Лидер/ка на училиште, лидер/ка во иднината“, која ќе воведе средношколска демократија во сите училишта;
Секогаш на страната на младите.🍀
