Burevesnik
МАЛО ВИСКИ, МАЛО КОКА КОЛА, МАЛО ПЕПЕЛ, ШЉАКА И КЕШ!
Случајна средба со вработен во РЕК БИТОЛА во секторот за јавни набавки и (полу)информација за наместен милионски тендер во четири очи, договорен помеѓу ВАСКО КОВАЧЕВСКИ и ПАНДЕ ДАФОВСКИ, ме наведе да ги испрашам главните актери:
ВИЦЕ ЗАЕВ, АЛЕКСАНДАР КИРАЦОВСКИ и ПАНДЕ ДАФОВСКИ. Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски не го прашував оти ме блокирал на сите можни апликации преку кои можам да му поставам службено прашање. Као демек ќе спречи така да го снајде наидувачката несреќа во вид на лична пропаст и кривичен прогон! Ист е случајот и со екс директорот на РЕК БИТОЛА, Златко Ќурчиевски, актуелен на главната раководна функција кога е местен тендерот за да го добие тендерот фирмата РЕМОНТ МЕХАНИКА Битола за да се наплатат 25% провизија, пари за ,,за СДС од Нашата земја,,...
Вработениот во РЕК БИТОЛА ми даде (полу)информација според која наводно наместениот тендер за ОТПЕПЕЛУВАЊЕ на РЕК БИТОЛА (технолошко чистење на системите за внатрешен и надворешен транспорт на шљака во комбинатот), на екс генералниот секретар Кирацовски му донел профит од 268.618 евра! Наводно ПАНДЕ ДАФОВСКИ од РЕМОНТ МЕХАНИКА толку му исплатил на Кирацовски во кеш...
Прашав уште на две адреси во РЕК БИТОЛА дали ова е точно и добив уште две слични (полу)информации. Според едната, тие 25% од 1.074.472 евра, биле ,,за СДС од Нашата земја,, ама му биле исплатени лично на ВИЦЕ ЗАЕВ. Според втората, парите ДАФОВСКИ ги исплатил во просториите на ОО на СДС од Нашата земја во Битола, на Васко Ковачевски, во присуство на координаторот во Битола, Златко Ќурчиевски. Прашања им поставив на ВИЦЕ ЗАЕВ, на АЛЕКСАНДАР КИРАЦОВСКИ и на ПАНДЕ ДАФОВСКИ. Вице Заев почна да пишува да ми одговори на прашањето, ама прекина па после ШЕСТ МИНУТИ ми одговори, по што сфатив дека се консултира со ВАСКО КОВАЧЕВСКИ околу одговорот. Ова ми стана ептен јасно кога ВИЦЕ ЗАЕВ ми врати одговор ,,да го прашам КИРАЦОТ!,,. За овие 268.618 евра екс премиерот ЗОРАН ЗАЕВ, од братот Вице и од Васко Ковачевски дознал дека ги наплатил Кирацовски за себе, што е една од главните причини зошто е сменет од функција генерален секретар на СДС од Нашата земја.
АМА ПАК, ТОЧНО Е ДЕКА ТИЕ ПАРИ ГИ ПОДЕЛИЛЕ ВИЦЕ И ВАСКО, а со проста проверка на датумите кога е наместен тендерот и кога се трансферирани парите од РЕК БИТОЛА кон РЕМОНТ МЕХАНИКА Битола, се гледа дека тогаш Кирацовски веќе немал функција во партијата, бил веќе сменет (13 мај 2020 и 08 јули 2021). Добив одговор и од Кирацовски кој не негира пријателство со зетот на ДАФОВСКИ, па вели:
,,Искрено, не ми се верува дека Вице кажал таква глупост, но ако е точно знам каде е изворот на тие лаги. Овој муабет си кружи од порано. Зетот на сопственикот на фирмата е мој другар, ама тендерите се добиени откако не сум на функција. Ама и пред да бидам сменет немав допирна точка со РЕК БИТОЛА. Тоа е лесно проверливо. Уште првиот пат кога слушнав од вработени во РЕК БИТОЛА дека сум земал пари од тендери, проверив кој го злоупотребува моето име и си го прашав директно изворот кој ги лиферува таквите информации. А ги шири наоколу за да се покрие себе.
Клептоманот кој тоа го прави го знае Вице Заев, а ако не е сигурен може да си го контактира сопственикот на фирмата РЕМОНТ МЕХАНИКА и тој ќе му каже директно: кому, кога каде и колку пари исплатил за добиениот тендер и на кој начин бил натеран на тоа. Истовремено Вице Заев може да си се распраша и на што се должат поразите во ИЕ 5, под раководство на КЛЕПТОМАНОТ...,,
Кирацовски не го споменува ВАСКО КОВАЧЕВСКИ директно, ама според изјавата за Буревесник, меѓу редови се чита името и презимето на ВАСКО КОВАЧЕВСКИ.
После Вице и Кирацот, се обратив и до сопственикот на РЕМОНТ МЕХАНИКА, еден од појаките општествени штетници во Битола, ПАНДЕ ДАФОВСКИ. Фирмата со огромен имот буквално насилно ја украл од вработените и ниту една пријава од нив и повеќекратни барања за РЕВИЗИЈА НА НАЧИНОТ НА КОЈ ЈА ПОСЕДУВА ФИРМАТА И ИМОТОТ, не е процесуирана. Од ревизија ревносно го штити ВАСКО КОВАЧЕВСКИ, кому му плаќа редовно онолку колку што бара само да не биде процесуиран кривично за бандитскиот начин на кој ја киднапирал фирмата РЕМОНТ МЕХАНИКА Битола од вработените. Дафовски го прашав истото што ги прашав Вице Заев и Александар Кирацовски, околу исплата на провизијата од 25%, ама ОДГОВОР НЕМА. Па затоа јавно му поставувам уште едно, БОНУС ПРАШАЊЕ:
ДАЛИ УЖИВАШЕ ВО СЕКС СЕАНСАТА СО МЛАДАТА ПРОСТИТУТКА ОД МОГИЛА, принесена при него од страна на Васко Ковачевски за успешен бизнис со тендерот и исплатата на провизијата кон него. Подведувањето на проститутката да го осети ЧИЧО ПАНДЕ, било чин на добра волја од големиот директор, блудник, макро и развратник Ковачевски.
Идниот министер за блуд, разврат, проституција и курвање во СДС од Нашата земја...