Радмила Шекеринска @Sekerinska
Продолжете така да ја браните и татковината и слободата, со посветена работа и со видливи резултати. Сигурна сум дека новата министерка Славјанка Петровска тоа ќе го цени, ќе го почитува и ќе го бара постојано.
Не ги менаџиравме очекувањата, туку ги подигнувавме, а потоа заедно ги надминувавме. Убедена сум дека во тоа ќе продолжите. Убедена сум дека резултатите ќе продолжат да следат и тоа ќе биде и моја лична сатисфакција дека системот кој што го поставувавме продолжил да расте.
Горда сум што бев дел од историските успеси. Отсекогаш сум верувала дека за да ја направиме нашата нација посилна и подобра мора да ги надминеме и сопствените очекувања. Тоа го направивме изминатите 4 години.
Поставивме повисоки стандарди за заштита на животната средина во одбраната. Владата го усвои Планот за повисоки еколошки стандарди во одбраната кој значи загревање со соодветни енергенси, заштеди со енергетски ефикасни објекти, користење на електрична енергија од сончеви панели.
Легендите никогаш не умираат, нели драг наш Медо? Затоа што сеќавањата на нив се вечни. Патувај пријателе и знај дека ни остави тага и празнина засекогаш!
Во спомен на 11-те припадници на Армијата кои пред 14 години загинаа во хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА. Нека им е вечна слава!
За министер за одбрана не постои поголема награда од тоа да работи на двата историски резултати: членството во НАТО и целосната воената интеграција во Алијансата.Овие успеси се наша национална гордост.
Денеска ми беше укажана голема чест.Американското знаме ми беше предадено на свечена церемонија како признание за високите достигнувања во одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и САД, најдобра во изминатите 28 години.
2021 беше тешка, но извонредно успешна година за одбраната. На првата годишнина од членството во НАТО ја завршивме воената интеграција во Алијансата, а сојузниците ни честитаа дека тоа е најбрзата воена интеграција на земја членка досега.
Ја добивме довербата од сојузниците - Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО.