@sbogoev
Нови тоалети доби ООУ „Војдан Чернодрински“, во УЗ Владо Тасевски (Млечен). ✅Целосно се подобрени хигиенско - санитарните услови во тоалети кои не беа реконструирани од основањето на училиштето. Продолжуваме да ги унапредуваме условите во основните училишта.
Да бидеме хумани, утре, од 09:00 до 17:00 часот, да донираме крв во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“. #ХуманКарпош 🤝
✅ Засадени се повеќе од 300 нови дрвја, имаме 2 нови објекти на градинки, сквер, фитнес зони, игралишта...Драги мои карпошани, твитерџии, Ви благодарам за поддршката во изминативе 2 години.Заедно го развиваме #Карпош, срцето на Скопје.Со 💚 за Карпош. Продолжуваме заедно.
🏊♀️Меѓународниот турнир во пливање „13 Ноември“ обедини повеќе талентирани пливачи од земјава и регионот. 🏅Доделив дел од медалите и пред присутните зборував за поддршката која Општината ја дава на младите и талентирани спортисти.
Јавните површини прераснуваат во уредени зони за рекреација: 🍃 урбан сквер меѓу Тафталиџе 2 и Нерези, два нови паркови за миленици 🐾, фитнес зона на Кејот и во Карпош 4 🏋️♀️, инклузивно игралиште во Влае 2, детски парк во Криви Дол. 🙋♀️2 години со 💚 за Карпош.
🏊♂️ Меѓународен турнир во пливање „13 Ноември”, во организација на ПК „Бета Шаркс”, а со поддршка од @OpstinaKarpos.Браво за учесниците, млади таленти за почит. ✔️
Целосно е реконструиран подот во спортската сала во училиштето „Владо Тасевски“, во Козле. Санирани се и страничните спортски реквизити и кошови. 🤼♀️ Подот беше во лоша состојба. После долги години, наставата по Физичко образование ќе се одржува во достоинствени услови.
Претстои уште многу работа, подобрување на инфраструктурата, сигнализацијата, безбедноста на движење за сите учесници во сообраќајот. ⚠️Овие 2 години реконструиравме повеќе сервисни улици, а Градот Скопје обнови и неколку главни сообраќајници.2 години со 💜 за Карпош.
Повеќе улици добија нов лик. 👇Целта е да имаме побезбедни улици, но не очекува уште многу работа. 2 години со 💜 за Карпош.
🥦Градинките „Пролет“ и „Распеана младост“ воведуваат повеќе овошје и зеленчук, семиња, интегрален леб и ладно цедено масло во дневното мени на дечињата.На #WorldFoodDay можам да истакнам дека сите градинки во Карпош применуваат правила за подготовка на здрави оброци. #СеГрижиме