Kindness @Ljubeznost
На 15 јуни треба да однесеме болна жена скоро неподвижна на прегледи, за таа цел ни е потребна инвалидска количка доколку има некој да ни позајми би ви биле благодарни.
На една мајка од Битола која лежи во Државна болница и е потребна помош. Таа нема 2000 денари да плати за резултатите од интервенцијата која и е направена на коскената срж. Доколку некој е во можност да помогне нека ни пише во ДМ за потребните детали.
Еден студент побара помош од нас, останат е без телефон кој го користел повеќе од 5 години,било каков телефон би му завршил работа, да може да се јавува дома бидејќи е од друг град на студии тука, а не е во можност да обезбеди нов.
Една мајка има итна потреба од стоматолошки услуги, здравствената состојба и е прилично влошена, не е во можност да ги плати услугите. Доколку има некој кој е во можност да и помогне на мајката би ви биле благодарни.
Мајка со две дечиња едно со церебрална другото со АДХД , живее под кирија, има потреба од помош со сметките за струја, и се собрале 3 кои не може да ги плати . Денес и најавиле исклучување. Семејство бр 10 на платформата https://t.co/SMt1qMfeFh
Потребни се пижами и папучи за 13 годишно дете кое треба следната седмица да оди на операција. Мајката средствата кои ги има ги потрошила на лекови и прегледи,кирија, сметки, храна и нема можност да ги купи неопходните работи за престојот во болница.
Мајка со две деца ,еден месец остана без работа и успеавме да и најдеме нова. Но периодот од еден месец без работа направи проблем со плаќање на киријата. Потребни и се 9000 денари за да може да остане да живее со децата. Сметките и храна за месецот до плата ние ги обезбедивме.
Итно! Потребни се клексани 4000 IE за бездомно лице на кое по сообраќајна незгода направена му е операција. Потребно е цел месец да ги прима.
Татко на две болни деца,чија што сопруга починала,самиот со преживеан срцев удар, живее без струја веќе 8 години. Секој кој е во можност да му помогне на ова семејство може да го најде на платформата https://t.co/SMt1qMfeFh како семејство бр.5.
Од декември 2013 г.секоја сабота делиме оброци на бездомни лица. Оваа сабота е прва под знак ? дали ќе имаме можност да се подели храна. За да успееме да ја спроведеме акцијата потребни ни се 275 оброци.Конзерви риба, паштета и леб исто така се опција. Секоја помош добредојдена.