Aно @Mr_Mr_Ano
Ама укинаа радиодифузна такса...
Бев толку многу против начинот на кој ВМРО ја водеше државата, ама ако споредам со стручњаците сега што ја водат, можам да кажам дека времето додека беше ВМРО беше рај.
Кандидат за градоначалник низ светот 1930 - ќе ги асфалтираме сите улици и ќе спроведеме струја до секое населено место.Кандидат за градоначалник во Македонија 2021 - ќе ги асфалтираме сите улици и ќе спроведеме струја до секое населено место.
Знаеш англиски?- Знам.Ај преведи ми зимница-.-
Прво Заев 500, па сега Мицкоски ветува 750 евра плата. Како тргнало со ветувањата, уште две три кампањи и Луксембург може гомна да јаде со просечната плата.
Разговорот на нашиве до фабриката што ги прави вакцините го замислувам вака:- Колку пари ви се 800 000 вакцини?15,200,000 $- Со плави шприцови имате?Имаме.А до колку работите?--
Нека допишат и чешање лева рака и таман е.
Помини на кафе
@Mr_Mr_Ano
Господе те молам Вардар да ја победи Барселона.\n- Вардар губи седум разлика, побарај нешто друго, нешто пореално.\nОК, Македонија да добие датум за преговори.\n- Кажи ми, сакаш Вардар да победи со еден или со два разлика?
Многу непотребно чаламење од некои ликови на тема брак/развод. Значи ако сте во брак, чувајте си го. Ако не сте, оставете ги на раат разведените и тие што се. А разведените нека не чувствуваат потреба да се објаснуваат на секоја будала што ќе ги изнервира. Ваш живот, ваши одлуки.