Венко Филипче @VFilipche
Премиерот Зоран Заев беше моторот на промените во зравството и човекот кој ги разбра и поддржа најзначајните здравствени реформи спроведени изминатите четири години. Прочитајте повеќе👇
Малата Бехра кога се роди тежеше само 665 грама и беше долга 30 сантиметри, таа е најмало бебе во 2021 година 👶 Бехра денеска си заминува дома со 2.190 грама телесна тежина 🙌Прочитајте повеќе👇
Денеска во чест на Светскиот ден на предвремено родените бебиња, чекоревме за малите големи херои 🧸🎈 Ние сме единствена земја во светот којашто има значајно намалување на вкупната смртност на родените бебиња.👇Прочитајте повеќе:
На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести се донесе одлука за нови мерки со цел заштита на граѓаните од Ковид 19 вирусот👇Прочитајте повеќе:
Новите генерации на акушерки при Клиниката за гинекологија и акушерство имаат значаен придонес до успешната работа на ГАК. 👋 Ви честитам за влијанието и успешното реализирање на работните задачи и ви посакувам уште многу идни суштински предизвици.
Предвремено родените бебиња се големи борци, а наша обврска е да обезбедиме најдобра грижа за нивниот раст и развој. ❤Од 2016 година до денес, смртноста кај предвремено родените бебиња е намалена од 25% на 8,9%, односно за цели 16,1%.#СпасувамеЖивоти👇
УК за Урологија, за првпат доби најиновативна опрема за хируршки зафати кај пациенти кои се третираат овде. Министерството за здравство, за Клиниката купи CR рентген, лапараскопски стол и ласер Тулиум. Овие апарати се последниот крик во медицината во областа на хирургијата. 🙌
Почнувајќи од денеска за влез во објекти и настани каде до сега можеше да се влезе и со една доза примена вакцина,потребно е граѓаните да приложат сертификат/потврда за примени две дози на вакцина против КОВИД-19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена.
Денеска, на мое задоволство имав можност да ја отворам научната дискусија по повод завршувањето на проектот "Социјален пристап и прифаќање на намалување на штетите преку науката и истражувањето" 🔬Прочитајте повеќе👇
Утрово на УК за Неврохирургија, воведовме нова метода во лекување на пациенти со мозочно крварење. Од денеска овој иновативен уред се става во континуирана употреба, а ние сме единствена земја во Југоисточна Европа каде ќе се врши оваа метода. 👇