Јанко Бачев
Во денешното соопштение на Единствена Македонија (слика 1) разоткриена е лагата на марионетата Ковачевски дека се сретнал со Блинкен во Минхен со приложување на неспорен доказ - ја објавивме агендата од Стејт Департментот со кој се сретнал Блинкен во Минхен и таму го нема Ковачевски (слика 2).
По седум минути експресно реагираше амбасадорката на САД во Скопје да ја покрие лагата на Ковачевски и објави фотографија и кажа за кратка „средба“ (слика 3).
Да, се сложувам за кратка „средба“ ама кога Ковачевски трчал по ходниците во Минхен да го поздрави Блинкен и да се слика со него, ама тоа не е срдечна и официјална средба како што напиша и лажеше Ковачевски (слика 4).
Интересно е што медиумите не ги објавуваат секојдневните реакции на Единствена Македонија (соопштенија, пресови) иако редовно се праќаат до медиумите, ама денешниот случај покажува дека активностите на Единствена Македонија редовно се праќаат во амбасадата на САД од некои од медиумите во Македонија.
Инаку, активностите на Единствена Македонија на дневна основа можете да ги видите на: www.edinstvenamakedonija.mk
