Frosina Remenski
🇲🇰 Добар ден претседателе Пендаровски и Среќна 2️⃣0️⃣2️⃣3️⃣ ❗
Почитуван претседателе Пендаровски, можам да разберам дека, еден дел од прашањата што ги упатував до Вас како "Татко на нацијата" не биле во Ваша директна надлежност или можеби не чувствувавте потреба пред нова година да коментирате за нив.
Да потсетам дека, многу од тие теми и прашања, дилеми и дебати ги отворивте токму Вие како претседател и поради тоа не можете да не ги одговорите, зошти се во домен на безбедноста и надворешната политика, за кои и Вие и Владата имате надлежност.
🚩Да Ве потсетам, дека јавноста остана куса за Вашиот коментар и одговор околу неодговорноста за "случајот Онишченко", за кој сите заедно најгласно тврдевте дека е мега-мега случај што го руши кредибилитетот на АНБ и на државата.
👇👇👇
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=709878510499933&id=100044333714272&mibextid=Nif5oz
Сите отидовте до таму со коментарите и ја изразивте загриженоста и интересот на САД за овој случај, до степен "... како ќе ги погледнеме во очи Американците", за да на крајот сите што бевте загрижени немавте проблем да го испратат стариот и да го именувате новиот директор на АНБ - двајцата кои биле дел од "системскиот пропуст" како државна тајна за кој (не)дознавме.
🚩ℹ Има една многу по-мега-мега хаварија за која зборував во заштитеното јавно пријавување на 26.12.2022 година -
шпионажи, продолжено следење на комуникации, двојни идентитети фалсификати итн.
👇👇👇
https://youtu.be/-15ydbbahwI
Не знам дали, Ви го преведоа дословно, но ако не Ви го превеле и не гледате Ваша надлежност во овој наш (сега и европски) проблем, потсетете се на Писмото кое Ви го испратив на 19.06.2020 година како потпретседател на Собрание и член на собраниски надзор над УБК и АР.
Додека го преведуваат во ЕУ на чист македонски јазик пријавувањето и пријавата, за да го видат слушнете го молкот од сите институции со кои (треба да) комуницирате службено за прашања од интерес на граѓаните, државата и безбедноста. Гледам се афирмира некаква идеја за формирање на Агенција за сајбер безбедност и се надевам тоа е на линија на Вашето барање од НАТО за заштита на кибер безбедноста. Знаете ли што треба да работи❓
Вака претседателе Пендаровски:
Нека Ве информираат од Владата, од МНР, од Агенцијата за разузнавање, од АНБ, од МВР, а може и од АЕК или од Телеком:
🚩 Дали се во тек со ЕУ-агендата на која на-големо, цел ноември и декември се зборува за шпионажи со шпионски софтвери произведени во Скопје од страна на фирма со параразузнавачка структура❓ 🚩Зарем не Ве интересира како Грција се тресе од прислушкување и шпионажа, како менува закони и како обезбедува заштита и дозвола за надзор наметната и условена токму од ЕУ❓
🚩Зарем не Ве интересира македонскиот шпионски зачин и фирмите од Скопје за кои јазикот им се фаќа на сите кога треба да ги изустат, а камоли да им влезе полиција како во Грција за да види што произведуваат, што извезуваат, какви услуги нудат, колку профит прават, кој ги контролира и кој ги штити❓
🚩Зарем не Ве интересира до кој степен е дигнато значењето на парламентарниот надзор, а како тука институвиите "третираат" пријава од пратеник за злоупотреби од парламентарен надзор❓
И за овие обуки фрлија многу пари партнерите, но јас барем научив нешто од тие обуки.
ℹ🚩 Ова се многу сериозни прашања претседателе Пендаровски за кои мора да имате и став и иницијатива да дознаете зошто не се постапува по големи индиции дека, нашата држава станала шпионски расадник и гнездо за тестирање шпионажа, за да знаеме колку ни е отпорна приватноста и колку ни е заробена слободата❗
Молкот е потврда на таа заробеност и срамот кој не' голта сите кои се бусаме во гради за ЕУ, а институциите се прават дека не гледаат каде е тука "европскиот интерес" од непостапувањето и неговорењето за овој многу сериозен проблем.
Која црна сајбер-безбедност, која Агенција за сајбер-безбедност кога шпионските летечки коњи и предатори летаат на сите страни и во сите можни телефони кои треба да звонат, ама не за молчење, туку за постапување.
Кој ќе ги заштити граѓаните, укажувачите и институциите претседателе❓
Да ја почекаме Агенцијата да се формира или да почекаме да помине новогогишниот илузионизам според кој сите мислат дека старите проблеми нема да бидат проблеми во новата година❓
Поголеми се од лани, тродупли.
Знам дека ќе го прочитате ова.
Прочитајте и обидете се да го разберете.
Ќе се потрудам во следните статуси и обраќања да ги адресирам и сите со кои службено комуницирате (како за случајот со Онишченко, де), за да видам до каде може да оди молкот, "системскиот пропуст" или тактиката.
🎈 П.С Од "пу-пу случајот Онишченко" и "системскиот пропуст" како државна тајна имам право да заклучам дека на сите институции и медиуми им била потребна екстра-сензационалистичка тема, за да се одглуми извлекување и да се поклопи известувањето од европската дебата за извезена шпионажа и незаконско следење на комуникациите - како тука, така и надвор.
