Сања Лукаревска
📌Заедно со премиерот Димитар Ковачевски, со вицепремиерите, министрите, претставниците од институциите, од меѓународната заедница, од синдикатите, од коморите, од невладиниот сектор, на првиот ден од Годишната Конференција „Година на нови можности“ направивме пресек на владините мерки и случувањата во 2022 г.
Имаме визија, како предизвиците од 2023 година, да ги претвориме во можности за капитални и инфраструктурни проекти за подобар квалитет на животот на граѓаните, за нови странски и домашни директни инвестиции, за отворање на работни места, за економски раст во услови на криза, за подобри услуги за граѓаните, за раст на минимална и просечна плата, како и за раст на пензиите.
Заедно, да создаваме можности за просперитет за раст на бруто домашниот производ и домашната економија за подобар животен стандард за граѓаните.
