Oliver Spasovski
Денеска заедно со директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска потпишавме Меморандум за меѓуинституционална соработка во откривањето на кривичните дела поврзани со трговија со луѓе и трудова експлоатација и упатување на потенцијалните жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.
Главен фокус на Меморандумот е зајакнување на соработката и меѓусебна размена на информации, координирање на активностите, организирање и спроведување на заеднички надзор-контрола. Во оваа прилика сакам да упатам искрени честитки до Здружението на млади правници, кои на иницијатива на Националната комисија, а со поддршка на проектот на ЕУ и Советот на Европа за превенција и борба против трговијата со луѓе, го изработија Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Државниот инспекторат за труд согласно препораките на ГРЕТА, во насока на воспоставување на прецизна и тесна соработка помеѓу полициските службеници и трудовите инспектори.
