Timco Mucunski
Сакам Аеродром да биде општина на талентирани ученици кои ќе постигнуваат резултати на домашно и меѓународно ниво и токму тие да дадат придонес за понатамошниот развој на општината.
Остварувањето на оваа цел бара сериозен фокус кон унапредувањето на образовниот процес и инвестиции во училиштата. На овој начин, создаваме современ образовен систем во кој дечињата ќе имаат соодветни услови за едукација и развој.
Во изминатиот период реализиравме повеќе инвестиции кои се однесуваат на унапредување на состојбите во образованието. Во основното училиште ,,Блаже Конески” во Мичурин беше извршена реконструкција на санитарните јазли и дел од просториите за учење, додека пак во ООУ ,,Браќа Миладиновци” инвестиравме во ново спортско игралиште, училница на отворено, нова фасада и други содржини за учениците. Најголемото училиште во Аеродром ,,Лазо Ангеловски” станува училиште кое поддржува целосна инклузија на сите ученици и наскоро почнува изградбата на пристапен лифт и сензорна соба за децата со попреченост.
Работиме поинаку и со инвестициите создаваме модерен и инклузивен образовен процес. На тој начин ги поддржуваме најмладите, а поддршката за нив значи и поддршка за иднината на Општина Аеродром.
