Јован Јаулески
🙋♂️🙋♀️ Денес е ден на младите, но според мене во #Македонија мора секој ден да е ден на младите.
❗Немаме повеќе време за губење, државата масовно се празни.
Изреката „Светот останува на младите“ во Македонија има друго значење, т.е. иднината на нашата младина е насекаде во светот освен тука, во Македонија.
Дека ова не зборови напразно, да ги видиме наодите од истражувањата на Вестминстер фондацијата за изминатата година.
❓На прашањето „Дали работите во земјата се движат во правилна насока?“, над 55% одговориле дека работите се движат во спротивна т.е. во погрешна насока. Само 13% одговориле дека државата се движи во правилна насока. Веројатно овие млади се оние што кликаат лајкови за „успесите“ на Таченаторот или пак веруваат во „зелената“ агенда на ДУИ.
☝️Како сигнал за освестување на оваа Влада треба да биде фактот дека бројот на млади кои сметаат дека државата се движи во погрешна насока се дуплирал. Лошо е кога младите губат надеж за иднината на државата, а тоа се гледа и по нивниот одговор каде ќе биде државата за пет години. Повеќе млади сметаат дека државата ќе биде полошо место за живеење отколку што ќе биде подобро.
Кога младите со еден збор требало да ја опишат состојбата во Македонија, ова било кажано:
- Криза
- Катастрофа
- Застрашувачка
- Предавство
- Хаос, лудило, безредие
- Преживување
- Бесцелност
- Трагедија
🤷♂️Не е ни чудо што над 60% од младите не се задоволни од своето место во општеството.
Во рамки на овие истражувања имало прашања и за нашата европска перспектива, која власта со своите вазални политики целосно ја нарушува. Опцијата на Владата е интеграција преку асимилација, а тоа го гледаме секојдневно. Современата македонска држава во своите темели ја има антифашистичката борба, а денес на мала врата ни се случува културно освојување од страна на Бугарија преку културни клубови со имиња на фашистички колаборационисти основани од професионални бугари.
Младите на кои се повикуваат од Илинденска број 2 секогаш кога прават некое предавство не мислат баш дека за брзо ќе сме дел од европското семејство. Само 45% веруваат дека ќе сме членка, од кои 15% по 2031, 35% до 2030, а дури 50% мислат дека Македонија ќе биде членка на ЕУ до 2025 година.
🤷♂️ Жалам што ќе морам да ги разочарам овие млади, но Македонија нема ни теоретска шанса да биде членка до 2025 година.
Во Македонија никогаш немало поголем евроскептицизам од сега. Младите на возраст над 25 години кога ќе се спомене ЕУ се асоцираат на „политика“, „режим“, „вето“, „скап живот“, „бугарски пасош, бегство на младите“, „миграција“, „Хавиер Солана, вечна медијација“, „недостижна цел“, „нешто многу далечно“...
Воопшто не е чудно што на последното прашање од истражувањето 57% од младите одговориле дека никогаш не следат или не се заинтересирани за политичките настани и случувања во земјата.
Власта во Македонија не нуди надеж дека младите ќе имаат подобро утре. А како и би се надевале кога во моментов актуелна тема е зголемување на даноците со цел државата да нудела поквалитетни услуги. Лажат. Нема да се подобрат јавните услуги затоа што не знаат како да ги подобрат. Парите им требаат за купување на социјален мир преку делење на ваучери и вработување на своите верни партиски послушници.
Со повисоките даноци:
- Нема да има поголем економски раст отколку сега. Последни сме во регионот во последните 5 години
- Нема да има побрз раст на просечните плати од сега. Пред 10тина години бевме пред Србија, Бугарија, Романија и останатите земји од Западен Балкан, денес сме во мртва трка со Косово.
- Со новата иницијатива Отворен Балкан младите ќе се селат и во Србија и Албанија поради повисоки плати. Јазичната бариера и оддалеченоста е помала отколку кога младите би требало да учат германски јазик или некој од скандинавските јазици и да се одвојат илјадници километри. Пред некој ден имаше вест дека 30 илјади лица ќе заминат од Македонија токму поради овие причини.
- Нема да се вратат парите што власта ги дели на свои блиски компании, за кои не се знае дали ги дале на вработените или за нови автомобили. Напротив, ќе делат уште повеќе пари, со уште помалку критериуми
- Нема да поевтини струјата, напротив ќе имаат повеќе пари за сомнителни тендери преку кои ќе се купува косовски јаглен.
- Нема да се изгради зградата на ФИНКИ и ФФК.
- Нема да се подобрат здравствените услуги, напротив секој ќе треба да се грижи за себе како знае и умее. Постојат бројни анализи кои говорат за менталното здравје кај младите. Власта? Кога ќе пресмета колку може да ќари за себе, ќе почне со конкретни чекори
- Нема да се подобри образованието, напротив ќе фалат учебници и свидетелства во основно образование, ќе продолжи падот на квалитетот на образованието според меѓународни рангирања, ќе се одвојуваат помалку пари за наука...
Почитувани млади,
На возраст од 15-35 години не има 450 илјади (според податоците од Пописот 2021 година) и не постои ниту една власт која може да не игнорира.
Мора да се обединиме околу идејата дека подобро утре може да има само со отчетно работење во интерес на државата. Постојаното инсистирање на одговорност, наша гласност за секоја неправда и бескомпромисна битка против криминалот и корупцијата е патот по кој ние и Македонија треба да чекориме.
